Последните 30 секунди за фешта во ракометна Битола

Еурофарм Пелистер слави голема победа против ПИК Сегед во 7. коло од Лига на шампиони, после голема неизвесност која беше решена во драматичен крај.

Во салата „Боро Чурлевски“ унгарскиот вицешампион падна со 25-24, откако Радивојевиќ погоди од пенал, а потоа Никола Митревски во последниот напад ја сочува мрежата.

Следуваше големо славје, а делириумот најдобро ви го доловуваме преку видео од самиот финиш од средбата, како и одличните фотографии кои ги објави клубот на социјалните мрежи.

Жарко Пешевски беше играч на натпреварот и со 7 гола најефикасен во тврдиот и тежок македонско-унгарски дуел.

„Борба 60 минути. Ние сме едно семејство. Работиме така. Оваа енергија ја осетивме, не смеевме да ја пропуштиме. Публиката што не носеше цел натпревар беше зад нас. Ја почитувавме тактика што ја имавме, го почитувавме тренерот, и заслужено победивме. Ова е признание за целата екипа, не само за мене, вели Пешевски.

Ова е втора победа на битолчани сезонава во ЛШ и сега имаат 4 бода, а ГОГ, ПСЖ и ПИК Сегед се на делба на 4 место со 6 бода. Првите 6 екипи обезбедуваат пласман во осминафиналето на ЛШ.

13 ноември 2025 - 09:07