Трета епизода од серијалот: „Љубовта наша голема“

По пауза од четири години, РК Вардар прави кам бек во Лига на шампиони. Вечерва од 18:45 во 2. коло од новата сезона, во Јане Сандански гостува Нант. Вардарци со ново видео по повод документарец кој го најавија за 65. роденден.

Третата епизода е посветена на Виктор и Леонид Настески, на татко и и син, на уште една семејна приказна за приврзаноста кон Вардар која трае со генерации.

Натпреварот против Нант ќе биде прв за Леонид во Лигата на шампионите и со тоа секако дека како за него така и за Виктор, овој дерби дуел ќе биде од посебно значење.

Но, посебен ќе биде и за сите илјадници Вардарци во салата и надвор од неа, пред малите екрани, во Скопје и ширум државата и светот. За сите навивачи на Вардар кои го чекаат овој натпревар цели пет години!

Време е ракометна Европа повторно да ја почувствува арената „Јане Сандански“ и пеколната атмосфера во Скопје!

Се гледаме утре во сала! Заедно за Вардар!

Виа

Најава за серијалот „Љубовта наша голема“

16 септември 2026 - 12:35