Целата работа повторно е околу фазите на спиење и влијанието што алкохолот го има врз нив, поточно врз преминувањето од една во друга.
Според научниците од Центарот за пореметување во спиењето од Детроит и примерна количина алкохол на еден час пред спиење побрзо ќе ве заспие, меѓутоа ќе има сериозно влијание на вашето тело за време на вториот дел од вашиот нормален сон, или во текот на она што се нарекува "ефект на отскок."
"Длабокиот сон е периодот кога вашето тело се обновува и алкохолот може да пречи во овој процес. Како што алкохолот почнува да ветрее од организмот, вашето тело може да излезе од зоната на длабок сон и повторно да се префрли во РЕМ фазата, од која е многу полесно да се разбудиш. Ова е причината зошто после пијанство се случува да се разбудиме само по неколку часа сон," објаснува првиот човек на Папворт болницата за респираторна поддршка и центар за спиење, Џон Шнерсон.