Таг: сон

Зошто се случува да сонуваме на повеќе јазици?

На прв поглед не е необично ако некој познава повеќе јазици, особено ако ги употребува во текот на денот, истите и да ги зборува на сон. Но подеталното истражување на мултијазични соништа покажува покомплексна слика. 

Напорот да се стане од кревет и да се остане буден

Соодветно на понеделничкиот старт, есеј кој само навидум е демотивирачки: ако веќе сме укинале или преиначиле нешта кои со милениуми сме ги сметале за такнато-макнато, зошто не би можеле да ја укинеме и апсурдната потреба да губиме време спиејќи, и уште повеќе, мачејќи се да станеме насабајле. Зошто не би лебделе постојано во оној меѓупростор помеѓу јавето и сонот (или обратно), каде со задоволство може да констатираме дека ние не сме (баш) ние?

Можно е да си „должите“ спиење

За некои, спиењето е еден од најдобрите делови од денот - за други, доволен сон е малку потешка работа. Но, долгови треба да се враќаат со време.

Што беше прво што го сонувавте во новата година?

И во нашата традиција она што се случува прво во новата година се смета за знак за она што ќе следи. Во јапонската традиција таков пророчки момент е првиот сон во новата година.

Moраме ли да спиеме?

Зошто треба да се ставаме во потенцијално опасна ситуација - да сме несвесни за околината неколку часови ноќе - која ни троши околу третина од возрасните животи, и повеќе од детството? И не само што не се буниме, туку заедно со кучињата, лавовите и речиси секое друго животно, уште и уживаме во дремење и длабок сон.

Како да спиеш како Салвадор Дали?

За хиперактивните и креативни умови секој момент поминат во неправење ништо е загубено време. Некои од нив развиле навика да не спијат многу. Накај ич.

Премиер лига го избра најубавиот гол на сезоната

Фудбалерите на Тотенхем сезонава како да платија цена за неверојатната мината сезона кога на неколку фронта стигнаа многу далеку и станаа европски вицешампиони. Во новата ќе играат во Лига Европа. Еден од најдобрите нивни играчи, Кореецот Сон го постигна најубавиот гол на сезоната во Премиер.

Сон од Тотенхем служи војска во Кореа

Напаѓачот на Тотенхем најдобро од сите фудбалери ја искористи паузата поради пандемијата на вирусот - го отслужува воениот рок кој толку долго го прогонуваше.

Меси извини, ама ова е голот на полусезоната

За само 32 минути Тотенхем му ја наполни мрежата на Барнли со три гола. Третиот погодок, кој го даде Кореецот Сон, долго ќе оди по најавните шпици.

Како човек да му верува на Мурињо

Жозе Мурињо, пред гостувањето на Олд Трафорд со Тотенхем за Кореецот Сон изјави: „Сакам да му честитам на Сон, што трет пат по ред го избраа за најдобар играч на Азија. Заљубен сум во тој дечко! Замислете ги луѓето кои биле со него четири или пет години, фантастичен дечко!

Јужна Кореа ги освои Азиските Игри и фудбалерите нема да мора да служат војска

Кореецот Хјонг-мин Сон ги освои Азиските Игри во Индонезија откако неговата Јужна Кореа со 2-1 ја совлада Јапонија. Овој триумф на играчите им значи многу поради тоа што ќе бидат изземени од служење двегодишен воен рок во својата земја.

Ни со 8 часа спиење не го бива

Иако зазема огромен дел од сечиј живот (ако имаш среќа дури и цела третина од животот) сонот е прилично нова научна дисциплина на која научниците работат од пред само околу 70 години.

Лејкерс потпиша 32 годишен наставник кој му даде 19 поени на Хјустон

Во американските развојни кошаркарски лиги ретко кој млад играч се задржува подолго од неколку месеци. Условите се лоши, слабо ги плаќаат и фаќаат штрафта за Австралија, Европа или Кина. Ама еден играч се решил да остане со надеж дека ќе го викнат во НБА.

Претседателот не спие кога спие

Не е тешко да се најдат дузина ситуациии кога во тек на досадни состаноци и настани, претседателот на Зимбабве ги затвора своите државнички очи и влегува во визионерска дремка. Толку често што портпаролот на 93 годишниот Мугабе мораше уште еднаш да даде објаснување: Претседателот не спие, тој само ги одмора очите! 

Најголем конкурент на Нетфликс му е сонот

Ни Амазон, ни Јутјуб, а најмалку па традиционалните тв оператори. За првиот човек на глобалниот стриминг гигант Нетфликс, нивен најголем непријател им е чудната потреба на луѓето понекогаш да спијат.

На богатиoт нема кој да му рчи

Соби за рчење е последниот шик на богатите за зачувување на мирот на својот сон. Кога тој мир не е пореметен од трубите на совеста туку од рчењето на партнерот.

Школскиот ден треба да почне подоцна

Будењето деца за на школо зимно време (во погрешната временска зона во која упорно остануваме) личи на будење јадни фабрички работници. Данокот го плаќа нивното здравје и образовниот успех. Америка мисли да поместува.

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.

Баталете е-книги пред спиење

Ново истражување покажува дека светлината којашто ја емитуваат повеќето е-читачи негативно влијае врз заспивањето. Чаре: правете нешто друго в кревет.

Нивниот сон

Нивниот сон не е криминал.

Криминал е кршењето на нивниот сон.

Веќе ми е јасно кај тргнале емигрантите, но не ми е јасно кај сме тргнале ние, бидејќи ние, наместо да одиме по зборовите Христови: не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават, трчајќи по материјалното, отидовме по ѓаволите.

Како храната влијае на вашите соништа

Проблемот со врската меѓу двете работи е што не е корпоративно очигледна за да може да се сведе на ексел во кој што знаеш дека ако изедеш А, ќе сонуваш Б. Ама има врска, барем според научниците.

Сон за плодност

Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.

Лошото спиење драматично го менува организмот

Серија на ноќи (доволни се само 7) во кои лошо спиете може да има длабоки последици на внатрешното функционирање на човековото тело.

Зошто после пиење рано се будиме

Еден од најголемите #firstworldproblems што не можеме да си го разјасниме е: ќе легнеш трезен, утрото едвај се будиш; ќе легнеш пијан после кафана, утрото стануваш пред алармот.