
Хроничната ненаспаност прави масакр меѓу сперматозоидите, покажа каунтерот на истражувачите на Универзитетот на јужна Данска по кој мажите кои имаат проблеми со спиењето имаат до 30 проценти помалку сперматозоиди а и тестисите им се помали од браќата кои спијат добро и редовно.
Ова е прво истражување на оваа тема, иако претходно имало доста други кои засилувале поинакви стравови, дека спермата е загрозена од долги седења пред телевизор, загрозена е од долги возења велосипед, загрозена од извесни начини на исхрана, загрозена од хемикалии во околината...
Овојпат се утврдила врска меѓу неспиењето и квалитетот на семенскиот материјал иако не и битното прашање дали таа врска е каузална. Научниците не знаат како спиењето влијае врз квалитетот, но претпоставуваат дека вистината лежи во група фактори- тие што имаат хронична несоница вообичаено се подебели, пијат повеќе алкохол и почесто се пушачи од останатите.
Медицинските препораки остануваат исти: оптимална доза е 7 до 8 часа спиење на ден иако во индустриските земји, луѓето просечно не спијат повеќе од 6 часа.