Јужна Кореа ги освои Азиските Игри и фудбалерите нема да мора да служат војска

Кореецот Хјонг-мин Сон ги освои Азиските Игри во Индонезија откако неговата Јужна Кореа со 2-1 ја совлада Јапонија. Овој триумф на играчите им значи многу поради тоа што ќе бидат изземени од служење двегодишен воен рок во својата земја.

По 90 минути игра во финалето, резултатот бил 0-0 а во продолжението ѕвездата на Тотенхем, Сон наместил два гола со кои Кореа повела 2-0. Јапонија до крајот на продолженијата само го ублажила поразот 2-1. Веднаш по судиската свирка за крај, Корејците плачеа од среќа, не само поради освоеното злато туку и поради тоа што нема да мора 2 години да служат војска:

Тотенхем, свесен од опасноста да загуби еден од своите најдобри фудбалери на многу долг период во случај овој да мора да служи воен рок, го ослободил за Азиските Игри. Сон поради тоа ги пропуштил натпреварите на Тотенхем против Фулам, Манчестер Сити и неделниот меч против Вотфорд.

Сон, кој минатата сезона постигна 18 гола во сите натпреварувања за Спарс, минатиот месец наполнил 26 години.

Законите во Јужна Кореја гласат дека секој оној кој ќе освои медал за својата земја на Азиските игри или на Олимпијада, автоматски не мора да служи 2-годишен воен рок во земјата. Во 2014 година Јужна Кореа ги освоила Азиските игри во фудбал, но Сон, кој тогаш играше за Баер Леверкузен не бил во репрезентацијата затоа што германскиот клуб одбил да го ослободи од обврските на определено време.

1 септември 2018 - 20:37