Годините никој не може да ти ги врати, освен владата, и тоа под услов да живееш во Јужна Кореја. Граѓаните наскоро формално-правно ќе станат помлади за година-две, како резултат на промената во начинот на кој официјално се бројат годините.
Јужна Кореја ја победи Португалија 2:1 со гол во 91-ва минута и чекаше да заврши мечот Уругвај - Гана 2:0 за да се радува. Ако Уругвајците постигнеа трет гол ќе одеа понатаму поради подобра гол разлика.
Мечот Уругвај - Јужна Кореа е еден од последните во првото коло на Мундијалот во Катар. За коментаторите малку потежок во однос на изговорот. Италијанскиот коментарот се реши за читање по брза постапка.
Во азиската Лига на шампиони Јокохама со 4:1 го победи Жеонбук од Јужна Кореа. Третиот гол на мечот, во 71' кој го даде Терухито Накагава беше по ненормална асистенција на 26-годишниот Бразилец Ерик.
Јужна Кореа беше меѓу првите земји која реши да даде зелено светло за фудбал по почетокот на глобалната пандемија. Таму се одиграа 25-26 кола после кои клубот Инчеон ќе се бори за опстанок откако денес голманот ги спаси од испаѓање и ја сочува победата од 2-1 со луди одбрани во 88' минута од мечот со Бусан.
Во четвртото коло од корејската Кеј-Лига, Даегу и Сангжу одиграа 1-1. Бразилецот Цесиња во 51' минута ја поремети гостинската одбрана и голман со маестрален потег со пета.
На 8. мај во Јужна Кореа почна фудбалското првенство. Во првото коло после долгата пауза поради коронавирусот паднаа убави голови. Дербито на колото во саботата го играа Канвон и Сеул. Домаќините примија брз гол, ама брзо се вратија во игра. А во 85' минута Жо Же Ван им донесе водство со прекрасна мајсторија. После неколку секунди падна уште еден гол за конечни 3-1.
Во вторникот стартуваше корејската бејзбол лига и се изгледа надреално, најверојатно како што ќе изгледаат сите други спортови во 2020-та во целиот свет.
Напаѓачот на Тотенхем најдобро од сите фудбалери ја искористи паузата поради пандемијата на вирусот - го отслужува воениот рок кој толку долго го прогонуваше.
Фудбалската К-Лига на Јужна Кореа стартува во петок со посебни мерки и препораки кои останатиот дел од светот посебно ќе ги разгледува и ќе се обиде да ги примени во своите системи.
Во година во која освен „Џокер“ ниту еден друг филм (до сега) не отскокна по својот квалитет и успехот на кино-благајните, јужно-корејската бизарна сатира на класното општество делува како освежување. Со оглед на тоа што тој веќе ја доби „Златната палма“ во Кан, следен чекор би можел да биде и Оскар.
Личи на мешавина на уметнички перформанс и психо-терапија. Го нудaт јужнокорејски компании (главно погребни претпријатија), кои се обидуваат да ги подобрат животите на своите клиенти, симулирајќи ја нивната смрт. Барем додека тие не се вратат, ама тогаш за озбилно.
Главна сензација на отворањето на ЛШ беше дебаклот на Аталанта во Загреб. Скоро сите очекуваа тимот од Бергамо со триумф да дебитира во елитното друштво, ама така не мислеше и Мислав Оршиќ.
Ли Кан Ин има 18 години. За репрезентацијата на Јужна Кореа има само 1 меч, а за тимот од Местаља дебитираше и во Лига на шампиони на мечот против Челси на Стемфорд Бриџ. Таму кај што погоди 6 пречки по ред на загревање.
Кореецот Даки Ли, кој од своето раѓање не слуша, направи феноменален подвиг и оствари прва историска победа на АТП Тур. Енди Мареј, Тенис Сандгрен и други познати тенисери од турот, велат дека тоа што го прави младиот Кореец е чудо.
Откако изгубија рекордно високо 64:0 од Унгарија, корејските ватерполистки денес играа против Русија. Изгубија 30:1, а историскиот гол кој го дадоа го прославија како да е шампионски.
Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.
Кореецот Хјонг-мин Сон ги освои Азиските Игри во Индонезија откако неговата Јужна Кореа со 2-1 ја совлада Јапонија. Овој триумф на играчите им значи многу поради тоа што ќе бидат изземени од служење двегодишен воен рок во својата земја.
Цел свет им аплаудираше за историската победа против светскиот шампион Германија, само дома на пречекот по враќањето од Светско, „навивачите“ им биле кивни поради поразите од Мексико и Шведска.
Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.
27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.
На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.