На 8. мај во Јужна Кореа почна фудбалското првенство. Во првото коло после долгата пауза поради коронавирусот паднаа убави голови. Дербито на колото во саботата го играа Канвон и Сеул. Домаќините примија брз гол, ама брзо се вратија во игра. А во 85' минута Жо Же Ван им донесе водство со прекрасна мајсторија. После неколку секунди падна уште еден гол за конечни 3-1.