Натпреварите се играат без гледачи, а на пар дена пред отворањето на сезоната, бејзбол лигата на Кореа потпишала договор со ESPN за пренос на натпреварите.
На стадионот во Инчон каде игра локалниот СК Вивернс, наместо навивачи ставиле банери и фигури да изгледаат како навивачи.
Судиите суделе маски
Чилдерсите биле на свои позиции, но исто така во маски:
Играчите мораат да носат маски насекаде, освен додека играат. Забранети се ракување, автограми и плунки.
На сите играчи и членови на стручен штаб им се мери температура и доколку некој е позитивен на тестот за Ковид-19, лигата ќе биде прекината на три недели.
Еве како изгледаа бејзболиститие на СК Вивернс
KT Wiz held a socially distant first pitch before their game today pic.twitter.com/DR0R9wulRi
— Dan Kurtz (@MyKBO) May 5, 2020
На сето ова, мечот меѓу Самсунг Лајонс и НС Дајнос која што ја пренесувал ESPN била прекината поради дожд:
Oh come on world pic.twitter.com/Bx6Anz0cFD
— Chelsea Janes (@chelsea_janes) May 5, 2020
И пазете и ова, дуелот меѓу Киа Тајгерс и Кивум Хироус почнал подоцна поради густ чад од пожар во некое здание во близина на стадионот:
We have a smoke delay, there is a building on fire near one of the stadiums pic.twitter.com/b5mUnkO10t
— CJ Fogler (@cjzer0) May 5, 2020
Но бејзбол се играше на многу други стадиони во Јужна Кореа.
„Прекрасно се чувствувам. Просто се радувам и среќен сум што ги слушам звуците од ударите на бејзбол топчето“, рекол 65 годишниот Чо Ки Хен, навивач кој на телефон го следел мечот на Ичнон надвор од стадионот.
Бејзбол сезоната во Кореа требаше да стартува во март, но тогаш во Јужна Кореа беше пикот од Ковид-19 со по 500 заразени лица на ден. Во вторникот во оваа азиска земја се појавиле само три нови случаи (вкупно 10.806 со 255 смртни исходи) и тоа е најнизок дневен епилог од моментот на раст на инфекцијата од крајот на февруари.
Во петок, на 8 мај во Јужна Кореа треба да стартува и фудбалското првенство кое што требаше да почне во февруари. Ќе се игра исто без гледачи, со многу мерки и препораки.
КАКО ЈУЖНА КОРЕЈА ИЗЛЕЗЕ ИЗВОНРЕДНО ДОБРА ПРОТИВ КОВИД-19?
СИТЕ УЧЕА ОД ЈУЖНА КОРЕА ЗА ТЕСТИРАЊЕ, СИТЕ ЌЕ УЧАТ И КАКО ДА ГО ПРОДОЛЖАТ СПОРТОТ