Приказната за служењето војска на Сон Хинг-мин како да беше вечна. Од година во година од неговата родна Јужна Кореа го бараа да дојде и да си го отслужи задолжителниот воен рок.
Сон често поради многу обврски со Тотенхем (тренинзи секој ден, натпревари секој втор-трет ден) не можеше да ја стопира кариерата и да се врати дома.
Сега глобалната пауза во спортот му се погоди како „кец на десет“.
Сон веќе три недели го отслужува воениот рок во Сеогвипо, на островот Џеџу во Јужна Кореа. Му останува уште еден ден да го тргне најголемото гајле кое го прогонуваше со години. Откако ќе се врати во Англија, Сон ќе мора да биде во 14-дневен карантин пред да се врати на обврските во Тотенхем.
Фотографите на островот успеале да го уловат за првпат откако е влезен во касарна: како сите други, така и најдобриот корејски фудбалер на сите времиња е облечен во фул опрема со шлем, со оружје во десна рака.
Фотографиите биле направени на враќање од полигон на 9-та Маринска Бригада, пишува The Sun.
Сон преку 20 дена заедно со другите војници имал многу вежби меѓу кои и оние за употреба на анти-гас маски и марширање во целосна опрема по 20-30 километри.
Инаку седумката на Тотенхем Спарс пред две години мораше итно да се врати дома за да служи војска, но подоцна благодарение на неверојатниот триумф на Азиските Игри 2018, тој како заслужен граѓанин можел да служи само 544 часа воен рок.
Пред прекинот на сезоната поради вирусот, Сон го повреди десниот зглоб (се пвореди во февруари против Астон Вила).
Неговата служба завршува на 8. мај
СИТЕ УЧЕА ОД ЈУЖНА КОРЕА ЗА ТЕСТИРАЊЕ, СИТЕ ЌЕ УЧАТ И КАКО ДА ГО ПРОДОЛЖАТ СПОРТОТ