До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Повозрасните фудбалски гурмани ќе се сетат како на времето (многу честа појава кај нас) на стадион имаше по некој чичко со транзистор во рака. Грицка семки и слуша пренос од други натпревари или од оној што го гледа ама не го догледува убаво од високо. Какви убави и искрени времиња.
Во вторникот стартуваше корејската бејзбол лига и се изгледа надреално, најверојатно како што ќе изгледаат сите други спортови во 2020-та во целиот свет.
Ако барате англиски навивач кој ги посетил сите стадиони во својата и соседната земја и ако сакате да знаете колку ги има на број, тогаш треба да прочитате за Робин Валтерс. Човекот без бариери.
Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Фулам, Чарлтон и Милвол се клубовите кои може да ги гледате доколку се најдете во главниот град на Англија. Ова се сите стадиони во Лондон со убави 17 кадри.
Рикардо, Андреа, Џулио и Федерико се четворица студенти од Перуџа кој еден ден решиле да ги рипнат предавањата и да се спуштат низ Апенините за да ги видат сите стадиони. Резултатот е 2.800 поминати километри за три дена и покана на стадионот во Удине.
Домаќините на минатото Светско првенство беа многу спори во спремањето и ФИФА неколку пати им го помести рокот за изградба на стадионите. Некои од нив ги комплетираа сега, 10 месеци по Мундијалот.
Најмалата поддршка на досегашните 19 финалиња на Светските првенства ја имале репрезентациите на Унгарија и Италија кои финалето во Париз го играле на стадион кој собирал само 14.000 гледачи. Честа да играат пред рекордни 107.000 навивачи ја имале селекциите на Бразил и Аргентина кои станаа Светски прваци во Мексико 1970 и 1986.
На само една недела до стартот (трпение до следниот четврток) Гугл мапс ни овозможува без карти да се прошетаме низ сите 12 стадиони во Бразил и сами да провериме конечно дали им се спремни.
Земјата која живее за фудбалот дефинитивно не ја бива за организација на Светско фудбалско првенство. Ги пробија сите рокови за подготовка на стадионите кои им ги даде ФИФА и се уште немаат абер.
Според истражувањето на онлајн компанијата „Хет-трик" направена со повеќе од 1200 навивачи низ Европа, над 3 четвртини од анкетираните одговориле дека сакаат стоечки да присустуваат на фудбалските натпревари.
Домаќинот на светскиот фудбалски елитен собир мака мачи со изградбата на стадионите, а не се подготвени ниту за Купот на Конфедерации ова лето. Но затоа продавачките на љубов напредуваат се повеќе, а клиентите ќе ги пречекаат како полиглоти.
Ви претставуваме историски слики со дел од стадионите од земјата од каде што потекнува фудбалот. На почеток немало ниту седишта, па навивачите биле збиени како сардини. Но како што ви е познато, по трагедиите на стадионите Хилсброу и Хејсел, челичната Маргарет Тачер забрани стоење.
Минатиот месец ви ги претставивме сите дресови со кои ќе настапат репрезентациите, а на точно еден месец пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина ви ги претставуваме осумте стадиони на кои ќе се одиграат натпреварите.