Стоењето за време на натпреварите е дозволено во многу земји, а најстрого е забрането во Англија веќе повеќе од две децении, откако загинаа 96 навивачи на Ливерпул во трагедијата која се случи на стадионот „Хилсброу" во Шефилд во 1989 година.
Тогашната премиерка Маргарет Тачер донесе драстички промени во фудбалот со што беа отстранети оградите на стадионите и беше забрането стоењето за време на натпреварите. Во многу земји се намалија градбите на терасите, а модерни и побезбедни стадиони се изградија и во Германија за потребите на Мундијалот во 2006 година.
Тезата за тоа дали фудбалот го загуби навивачкиот сјај е неисцрпна тема на фудбалските аналитичари, како и на навивачите кои ги критикуваат таквите строги мерки и бараат поголема слобода на фудбалските натпревари. Според ова истражување само околу 14 проценти одговориле дека сакале да седат додека гледаат фудбал.
„Резултатите од нашето истражување не изненадија. Тоа покажува дека повеќето од фановите се уште ја посакуваат старата традиционална атмосфера. Мислам дека ова треба да се земе предвид кога ќе се градат нови стадиони во иднина“, изјави Џеспер Андерсен Мејер, маркетинг директорот на „Хет-трик".
Стоењето за време на натпреврите го поддржаа и менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер и сопственикот на Квинс Парк Ренџерс, Тони Фернандес, но на тоа се противат семејствата на загинатите навивачи на стадионот „Хилсброу" кои изјавија дека се чувствуваат навредени.
Единствените два клуба во Англија кои ќе имаат тераси на своите стадиони, од каде навивачите ќе можат да навиваат стоечки наредната сезона се Брентфорд и Јеовил од Чемпионшип лигата.