Олд Трафорд
Оваа историска слика е од пред точно 1 век кога стадионот на Манчестер Јунајтед имал капацитет од 80 000 гледачи, а во денеска има 4 илјади помалку.
Вембли
Рекордот на стадиот Вембли по број на гледачи изнесувал 126 047 на првиот ФА Куп кој се одиграл во 1923 година. Во 60тите години бил поставен нов кров, а бил затворен во 2000 година. Сегашниот реконструиран Вембли има капацитет од 90 000 гледачи.
Стемфорд Бриџ
Три финални ФА Куп мечеви биле одиграни на овој терен, а едниот од нив во далечната 1920 година. Рекордот на гледачи се случил во 1935 година кога на мечот против Арсенал присуствувале 82 905 гледачи. Сегашниот Стемфорд Бриџ има капацитет од 41 837 места.
Вајт Харт Лејн
Фотката е направена во 1921 година, а во 50тите и 60тите на натпреварите на Тотенхем во просек имало најмногу гледачи во англискиот фудбал, околу 50 000. Сегашниот капацитет на стадионот е за 36 240 гледачи, а во 1938 година е постигнат рекорд од 75 038.
Вила Парк
Изграден во 1897 година Вила Парк е еден од најзначајните историски стдиони на островот, а само една од овие трибини собирала по 20 000 фанови. Сегашниот капацитет изнесува 42 788 гледачи.
Енфилд Роуд
Овој стадионот му припаѓал на тимот на Евертон, но го напуштил во 1892 година. Веќе 120 години домаќин на Енфилд е екипата на Ливерпул.