Внатрешноста на стадионот Вембли, домот на фудбалската репрезентација на Англија, свети сјајно како што сонцето се спушта над Лондон.
Славниот Вембли свети во сина боја откако во Лондон се спушта темнина. Стариот Вембли беше урнат во 2002 година, а потоа беше изграден и отворен во 2007-ма. Освен за фудбал, се користи и за концерти.
Арсенал се пресели на Емирати во 2006 година кој има капацитет од 60.000 седишта. На сликата се наоѓа и нивниот поранешен стадион Хајбери на кој сега се продаваат станови.
Изградбата на Емирати чинеше 470 милиони фунти.
И покрај тоа што на стадионот сега има згради со станови, Хајбери го зачува изгледот, а на центарот на теренот има градини.
Олимпискиот стадион ќе стане новиот дом на Вест Хем наредната сезона. Се наоѓа во источен Лондон, а на оваа слика се гледа цел Лондон.
Вест Хем го победи Тотенхем во процесот на наддавање и се пресели на Олимпискиот стадион кој беше изграден за Олимписките игри во 2012 година,
Стадионот на Челси Стемфорд Бриџ кој се наоѓа во југозападен Лондон, беше отворен во 1877 година.
Од тогаш многу пати беше реновиран, а капацитетот му е 42.000 седишта.
Вајт Харт Лејн каде настапува Тотенхем се наоѓа во северен Лондон. На левата страна од него почна да се гради нов стадион на кој планирано е да се преселат во сезоната 2018/2019.
Ноќна фотографија од момент кога на теренот се гледаат 5 на 5.
Познатиот петел амблем на Тотенхем прикажан на бели седишта. Вајт Харт Лејн може да собере 36.000 гледачи.
Аптон Парк е веќе продаден и оваа е последната сезона за Вест Хем на овој стадион.
Второлигашот Фулам домашниет натпревари ги игра на Кравен Котиџ. Ова е еден од најживописните делови на Лондон кој се наоѓа во близина на реката Темза. Капацитетот му е за 30.000 гледачи.
Канари Варф е финансиска област во Лондон каде се наоѓа стадионот на Чарлтон кој се вика Валеј.
Стадионот Ден е позициониран меѓу ѓелезничките пруги во југоисточен Лондон и тој е дом на третолигашот Милвол. Капацитетот му е нешто повеќе од 20.000 седишта.