Сите стадиони на ЕУРО 2012

Минатиот месец ви ги претставивме сите дресови со кои ќе настапат репрезентациите, а на точно еден месец пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина ви ги претставуваме осумте стадиони на кои ќе се одиграат натпреварите.

Варшава

Националниот стадион во Варшава со капацитет од 58.500 седишта ќе биде домаќин на отворањето на Европското првенство на 8 јуни, четврт-финале и полуфинален натпревар.

Гдањск

ПГЕ Арената во Гдањск има капацитето од 43.615 седишта и на овој стадион ќе се одиграат три натпревари од групата Ц и еден четврт-финален натпревар.

Вроцлав

Стадионот на кој игра актуелниот шампион на Полска, Сласк од Вроцлав може да прими 42.771 гледачи и таму ќе се одиграат три натпревари од Групата А.

Познањ

Градскиот стадион во Познањ има капацитет од 43.269 седишта и ќе биде домаќин на три натпревари од групата Ц.

Киев

Олимпискиот стадион во Киев може да прими 70.050 гледачи, но заради безбедносни причини за Европското првенство неговиот капацитет ќе биде намален на 60.000. На него ќе се одиграат три натпревари од групната фаза, четврт-финале и финалето на 1 јули.

Доњецк

Донбас арената е со капацитет од 52.518 гледачи и на неа ќе се одиграат три натпревари од групата Д, четврт-финален натпревар и едно полу-финале.

Харков

Стадионот на Металист во Харков може да прими 38.622 гледачи и ќе биде домаќин на три натпревари од групата Б.

Лвив

Арената во Лвив има најмал капацитет од сите стадиони на Европското првенство и може да прими 34.915 гледачи. Таму ќе се одиграат три натпревари од групата Б.

8 мај 2012 - 11:38