Песната Football Crazy можеше да биде напишана за Робин Валтерс, 57 годишен Англичанец кој е поранешен полицаец. Човекот едноставно е изгорен за фудбал и сака да го гледа во живо и тоа постојано на различни стадиони.
Живее во градчето Синт Ниотс, а навива за Форфар Атлетик кој е дел од шкотската Лига 2. Но страста на Робин за фудбал нема граници и има опсесија постојано да посетува различни стадиони. Последен пат бил на Лондон стадиум, новиот стадион на Вест Хем и стигна до луда бројка.
Робин Валтерс до сега посети 229 стадиони, 69 во Шкотска и 160 во Англија со што успеа да ги посети сите можни стадиони кои постојат во овие две земји.
„Се почна кога бев тинејџер и кога почнав да го следам Форфаф Атлетик во 1979 година. Во некои сезони не утнав ниту еден меч, ни дома ни на гости. Тогаш тимот имаше две промоции и бев на многу стадиони, но решив да ја зголема бројката“.
Најдобар стадион?
„Глиб парк во Брихин, Шкотска. Има перфектна глетка од трибините и ти помага кога гледаш досаден натпревар, а тоа често се случува“.
Најлош меч?
„Тоа беше Клајдебанк против Фалкирк на Богхед парк. Времето беше ужасно и немаше покрив. Фалкирк победи 1:0 со единствениот шут на мечот во рамки на гол. Тогаш се запрашав, зошто го правам ова, но потоа бев на Хамиптон – Бервик, конечни 9:1“.
Робин минатата недела со Крис и Овен патувале 900 километри за да гледаат натпревар меѓу две шкотски екипи кои се немаат сретнато долго време. Селтик и Ренџерс? Не, Анан и Форфар, четврта шкотска лига.
Во сета оваа приказна за пофалба е и неговата жена.
„Имам трпелива и толерантна жена. Дојде со мене на еден натпревар каде клубот ми направи голема чест и ги стави моите три сина меѓу маскотите“.
Кој е неговиот следен предизвик? Се надева дека еден ден во животот ќе стигне да посети 250 стадиони, ако нови клубови бидат промовирани во Шкотска и Англија.