Уште пред неколку месеци УЕФА им наложи на сите организациони одбори во земјите-домаќини на ЕВРО2020, во соработка со здравствените власти да допуштат макар 30% од капацитетот на стадионите кај што ќе се игра турнирот.
Некои земји поради нестабилните епидемиолошки ситуации на крајот останаа со празни раце. УЕФА им ги одзема домаќинствата на Даблин (Република Ирска) и Билбао (Шпанија) поради тоа што тамошните власти не допуштиле гледачи на трибините и гости од странство.
И покрај тоа што овој стадион во Даблин нема да пречека натпревари од ЕВРО2020, фино е да се види целиот негов раскош. „Авива Арена“:
Исто е и со „Сан Мамеш“, ултра модерниот и нов стадион во Билбао кој за жал нема да биде домаќин на натпревари од ЕВРО2020. На негово место домаќинство доби стадионот „Олимпико де ла Картуха“ во Севиља на кој немаше никакви спортски настани сè до лани кога фудбалската репрезентација на Шпанија реши да игра квалификациски натпревари.
„Сан Мамеш“
„Олимпико де ла Картуха“
******
Стадион „Вембли“, Лондон, Англија
Отворен: 2007
Вредност: 789 милиони фунти
Капацитет: 90.000
Капацитет за Евро2020: од 22.500 део 45.000 гледачи
Натпревари на Евро2020: 7 (вклучувајќи ги двете полуфиналиња и финалето)
„Алијанц Арена“ Минхен, Германија
Отворена: 2005-та година
Вредност на изградба: 340 милиони евра
Капацитет: 75.000
Капацитет за Евро2020: 14.500 (можно е да го зголемат ако се подобри епидемиолошката ситуација)
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и 1 меч од 1/4 финале)
„Стадио Олимпико“ Рим, Италија
Отворен: 1937 година
Капацитет: 72.698
Капацитет за Евро2020: уште не е познато
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и едно 1/4 финале)
Стадион „Санкт Петербург“, Санкт Петербург, Русија
Отворен: 2017-та година
Капацитет: 68.000
Капацитет за Евро2020: 34.000
Натпревари на Евро2020: 7 (вклучувајќи и меч од 1/4 финале)
„Јохан Кројф Арена“, Амстердам, Холандија
Отворен: 1996 година
Капацитет: 54.990
Капацитет за Евро2020: од 13.000 до 18.000 гледачи
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/8 финале)
„Национална Арена“, Букурешт, Романија
Отворена: 2011-та година
Вредност на изградба: 234 милиони евра
Капацитет: 55.600
Капацитет за Евро2020: од 13.000 до 18.000
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/8 финале)
„Стадион Паркен“, Копенхаген, Данска
Отворен: 1992 година
Капацитет: 38.065
Капацитет за Евро2020: од 9.500 до 12.500
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/8 финале)
„Стадион Ференц Пушкаш“, Будимпешта, Унгарија
Отворен: 2019-та година
Капацитет: 67.215
Капацитет за Евро2020: властите планираат да овозможат полн капацитет од 100%
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/8 финале)
„Хемпден Парк“, Глазгов, Шкотска
Отворен: 1903-та година
Капацитет: 51.866
Капацитет за Евро2020: од 12.000 до 17.000
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/8 финале)
„Олимписки стадион Баку“, Баку, Азербејџан
Капацитет: 68.700
Капацитет за Евро2020: 34.000
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи и меч од 1/4 финале)
„Олимпико де Ла Картуха“, Севиља, Шпанија
Отворен: 1999-та година
Капацитет: 60.000
Капацитет за Евро2020: 18.000
Натпревари на Евро2020: 4 (вклучувајќи меч од 1/8 финале)