Најсрамната прес конференција на сезоната

Тренерот на шпанска Валенсија Педро Мартинез ја одржал рекордно најкратката прес-конференција во Евролига. По дуелот меѓу Париз и Валенсија на кој гостите имаа +7 поени предност на три минути до крајот а домаќините направија серија 11-0 и победија, тренерот на Валенсија дошол пред празна сала каде едвај дали имало неколку новинари. Седнал на стол и рекол: „Овде? Резултатот е 90:86“ станал и си отишол.

14 ноември 2025 - 11:49