Јужна Кореа ја исфрли Германија, Светското продолжува без шампионот

27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.

Шокантен расплет во групата Ф во која никој не беше сигурен за пласман понатаму.

Швеѓаните први го скршија мразот во 50’ минута кога Аугустинсон им донесе водство и голема надеж дека ќе одат во следна фаза:

На 2-0 зголеми Гранквист од пенал:

А конечните 0-3 ги постави Алварез со автогол во 74’ минута:

На мечот кој го следеа и навивачите на Мексико и на Шведска, Корејците стрпливо се бранеа и пред самиот крај ја шокираа Германија со два гола во судиското продолжение. Најпрвин Ким Гвон по една гужва пред голот на Мануел Нојер постигна гол кој изгледаше дека е од офсајд, но судијата по консултација со ВАР снимката го призна и ги потопи надежите на Германија:

Во 96’ минута Сон Мин во една експресна контра кога голот на Германците беше празен зошто Нојер тргна на противничката половина, само ја запечати историската победа на Кореја и историската бламажа на Германија која речиси никогаш не испаднала во прва фаза на Мундијалите:

Резултати:

Германија - Јужна Кореа 0:2 (0:0)
/Ким Јонг Гвон 90+2, Сон Хјунг Мин 90+6’/

Мексико - Шведска 0:3 (0:0)
/Аугустинсон 50’, Гранквист 62’, Алварез 74’ а.г./

Понатаму одат Шведска како првопласирана и Мексико со по 6 бода. Овие две репрезентации вечерва ќе ги дознаат своите противници во осминафиналето а можни ривали им се Бразил, Швајцарија, Србија или Костарика.

27 јуни 2018 - 18:01