Таг: мексико

Од 0,5 пивото му го стопи на 0,33

Неранимајко фатен на камера на мечот меѓу Мексико и Англија.

Што е со шегава на селекторот на Мексико?

Хавиер Агире, со прекар Ел Васко, му обрати како што му се обрати на Арон Гордон, а потоа сам се изнасмеа. 

Мексиканска работа

Не се сите Мексиканци фини и забавни. Тоа најдобро го забележа од дистанца, поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бентли.

Најлудата навивачка компилација е дело на Мексиканците

Мексико е елиминиран од Мундијалот со 3:2 од Англија. Штета. Што убаво си поминуваа. Погледнете го клипов луѓе. Ќе фалат.

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Се разгорува Мундијалот. По Франција - Мароко, го добивме второто четвртфинале во кое битка ќе бијат Норвешка и Англија. Момците на Тухел со 3:2 го решија Мексико во меч на кој Мексиканците имаа 67% на топка и 5 - 5 во удари во рамки на гол. Џарел Куанса доби црвен во 54 минута, но со Белингам и Кејн во форма, нема зима за Англичаните.

Фан зона со 1 навивач

Погледнете ја сценава во Гвадалахара, Мексико. Невреме, силен дожд. Празна фан зона со еден навивач, кој не се помрднува ни сантиметар. Посветеност до даска. И да врне и да вее...

Нокаут дуел на Мексико - Еквадор, ама навивачки

Мексико го елиминираше Еквадор на терен. Еквадор го елиминираше Мексико на трибини. Мухамед Али и Мајк Тајсон да ти имале наследник.

Готово, Мексико го освои Светското

Ако ова не е прослава за светска титула, тогаш што е? Од 94-та до сега само во Катар не стигнаа до топ 16, плус низ историјата имаат и две четвртфиналиња. Чуму до волку еуфорија за пласман во осминафинале?

Мексико ја доби американската битка, проектил на Кињонес

Мексико го реши Еквадор уште во првото полувреме со головите на Хулијан Кињонес и Раул Хименез. Мексиканците со исклучок на Катар, од 94-та на секој Мундијал стигнуваат со осминафинале.

Кај отиде светов бе у пм?

Мексико растура на Светското и со 3/3 оди во нокаут фаза. Цела држава е во транс и тоа не само луѓето. Видете го вие ова. Еден ден Светско со роботи ќе има.

Мексиканците поинаку ја сфаќаат групната фаза на Мундијалот

Погледнете ги сцениве во Мексико Сити за третиот меч и трета победа на Мексико на СП. Според некои проценки, над 800.000 луѓе излегле на улица. Зборовите не можат да го опишат ова лудило. Мислиш финале играа синоќа.

Перфекција на Мексико, историја за Јужна Африка

Мексико ги растури трите противници од трите различни континенти во А групата и заврши прв со 9 бода без примен гол. Јужна Африка ја доби Јужна Кореја и на својот четврти Мундијал дочека пласман во нокаут фаза.

Србите примија пет од Мексико, два се несмасни автоголови

Србите не поминаа баш добро на пријателските. Прво загубија 3:0 од Зеленортските Острови, па 5:1 од Мексико. Стефан Букинац и Адем Авдиќ сами си ја завршија работа. Ќе издвоиме и едно голчиште, како и еден гол како на билијард.

Подземната трговија со најдобрата ванила во светот

„Ванила“ во англискиот се користи за нешто стандардно, невозбудливо, обично. Но приказната за трговијата со овој зачин во Мексико е многу поинаква, додавајќи горчливи тонови на убавата ванила. Нешто на што можеби ќе помислите следниот пат кога ќе ја ставате во колачи, особено ако е од онаа „вистинската“.

Републиканците би го бомбардирале Мексико

Се поголем број Републиканци се за тоа дека шверцот на фентанил од Мексико мора да се реши па макар тоа било и со бомбардирање на соседната држава.

Америка има војна што ја заборави, а мора да ја води

Вол стрит журнал им порачува на американските власти дека мора да ги поразат мексиканските наркокартели, па макар тоа било и на мексиканска територија, а двајца конгресмени веќе работат на заедничка резолуција што ќе му даде овластување на американскиот претседател да ја користи американската војска против картелите на територијата на Мексико.

Многу пред „сув јануари“ - мексиканската традиција на (привремено) непиење алкохол

Последниве неколку години на социјалните мрежи се одвива кампања за јануарско „постење“ од алкохол (#DryJanuary), веројатно како начин организмот да се одмори од она што му се случувало за време на празниците. Но во Мексико таквата традиција е многу постара, не е врзана за конкретен период од годината и иако има врска со христијанството, не секој кој учествува(л) бил религиозен.

Со право му влезе, Пољаците не заслужуваат да одат понатаму

Мексико синоќа ја совлада Саудиска Арабија, ама не оди во осминафинале поради подобрата гол разлика на Полска, која тиња фудбал играше против Аргентина, цели 90 минути. Мексиканецов има потполно право да биде во вакво расположение.

Бомбастичен гол на Мексико, еден од најубавите на Мундијалот

Акробацијата на Ришарлисон, лобот на Абубакар, слободниот удар на Рашфорд. На овие топ 3 најјаки голчишта во Катар, вечерва им се придружува и Луис Чавез.

Како Мексиканец се обиде да внесе алкохол на стадион

Идејата е врвна и не веруваме дека на некој до сега му текнало да ја примени, ама џандарот му одигра кец у два.

Одбранетиот пенал на Oчоа низ објективот на школо во Мексико

Гиљермо Очоа важи за легенда на Мексико и еден од малкумината во историјата на фудбалот со учество на пет Мундијали. 37 годишниот голман на мексиканскиот клуб Клуб Америка кој има 132 настапи за репрезентација, синоќа му фати пенал на Левандовски за Мексико - Полска конечни 0:0. Погледнете ја радоста на децава.

Снимка од еден непотребен туристички излет на Американци во Мексико

Двајца Американци скршнуваат од утабаната туристичка патека околу мексички Канкун и сакаат малку авантуристички да истражат наоколу што се случува. Толку пишман туристи ретко да сте виделе.