СП 2018

Шведска може и без Ибрахимовиќ, Скандинавците ја скротија Јужна Кореа

Се одигра и 12. меч на Светското првенство. Швеѓаните освоија три важни бода пред продолжение на групата во која се уште и Мексико и Германија.

Швеѓаните на Светско (прво после 2006) се пласираа преку баражот во кој ја елиминираа Италија. Јужна Кореја од друга страна има дури 10 учества на Светските првенства а во 2002 година на домашно тло стигнаа до полуфинале.

Натпреварот попладнево во Нижњи Новгород изобилуваше со прекршоци. Фактот што и двете селекции направија 19 фаули до 30-та минута доволно говори за тоа колку малку фудбал се играше во првиот дел. Првата сериозна шанса ја имаа скандинавците преку Маркус Берг кога голманот на Јужна Кореја Чо Хјун-Ву маестрално одбрани:

Швеѓаните притискаа до крајот на првиот дел но резултатот остана непроменет 0-0.

Стартот на вториот дел им припадна на Швеѓаните кои решија да тргнат по трите бода. Напаѓаа и тоа им се исплатеше. Во 61’ минута Ким Мин-Ву го фаулираше Виктор Клаесон а судијата Агиљар пред чии очи се случи фаулот, после две минути реши да ја погледне повторената снимка на ВАР и досуди пенал за Шведска:

ВАР:

Капитенот Гранквист го реализираше за 1-0:

До крајот Корејците имаа шанса преку Хванг во судиското продолжение но топката отиде преку голот.

ШВЕДСКА - ЈУЖНА КОРЕЈА 1:0 (0:0)
/Гранквист 65’ пенал/

Во групата Ф сега Шведска и Мексико имаат по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бод. Во следното коло на 23-ти играат Германија - Шведска и Јужна Кореја - Мексико.