Дваесет и едно годишниот Ли го совлада Швајцарецот Хенри Лаксонен со 7:6, 6:1. Ли имал потешкотии со изјавата после мечот, но искрено се исповедал за се што го следело низ кариерата во која докажа дека со упорност и напорна работа нема пречки кои не можат да се совладаат.
Еден волонтер на турнирот ги преведувал новинарските прашања на корејски јазик до вереницата на Ли, Сопин која потоа му ги пренесувала на младиот тенисер.
„Ако си упорен во тоа што го работиш, може да направиш било што“, рекол Ли.
A story to remember! Duckhee Lee is making history as the first deaf professional tennis player on the @ATP_Tour. We had a chance to sit down with him to uncover this incredible story.💫
— Winston-Salem Open (@WSOpen) August 19, 2019
(This content has been translated and paraphrased)
--#wsopen#builtforthesouth pic.twitter.com/aqpHJ7gXgA
Кога тој имал две години, докторите утврдиле дека има глувост, но неговите родители Ли Санг Жин и Парк Ми Ја не престанале да се борат и не дозволиле нивниот син да биде сметан за лице со инвалидитет.
Мајка му уште од мал го учела да чита од усни, а двајцата родители одбиле знаковен јазик затоа што така многу тешко ќе можел да се грижи за себе во иднина.
Кога првпат го запишале на спорт, тие воделе сметка да не е тимски спорт поради отежнатата комуникација со останатите соиграчи, па затоа бирале меѓу голф, тенис, шах и стрелаштво.
„Навистина ова не е ниту хоби, ниту забава, ние сме многу сериозни“, рекла мајка му кога го однеле да тренира тенис.
„Уште на првата средба со неговиот тренер, рековме дека не сме овде дојдени ради реда. Кажавме дека сме тука за тој да направи кариера и пат во иднината, па баравме сериозен пристап. Ако Ли нема талент и шанси, решивме да не форсираме“, раскажала мајката на младиот Кореец.
И покрај сите проблеми, Даки Ли пред две ипол години стигнал до 130. место на ранг листата и тоа само со натпревари играни во Азија.
Летово првпат тргнал на турнеа по Америка и во јуни стигнал до финалето на челенџерот во Литл Рок. Во моментов на ранг листата е 212. место но има само 21 година и дури сега влегува во сериозни професионални води.
Највпечатлива била изјавата на познатиот американски тенисер Тенис Сандгрен:
„Пред неколку години го победив на еден турнир и дојде кај мене после мечот. Имаше гугл преведувач со него и ми напиша: „Кои ми се слабостите“? За некој кој е глув и воопшто не зборува англиски јазик, да се изложиш на такво нешто... Не знам јас дали би го направил тоа, секоја чест! За својот противник можеш да научиш многу дури и од звукот кога ќе го удри топчето, а ако не можеш да слушаш, мора да имаш вештина и огромен талент“.
ЛИ КАКО ДА ГИ ЧИТА МИСЛИТЕ
Научно е докажано дека човекот многу побрзо реагира на тоа што го слуша отколку на тоа што го гледа. Затоа Даки Ли морал да развие некои други способности за да се носи со противниците. Хендикепираните лица се поинтиутивни.
„Како во секој момент да знаеше каде ќе го удрам топчето. Мислам дека не нагаѓаше, туку изгледаше како навистина да ми ги чита мислите“, рекол еднаш Кристофер Рунгат.
На неговиот неверојатен случај се осврна и Енди Мареј, некогашниот број 1 на светот.
„Кога би морал да играм со слушалки, би било неверојатно тешко да ја препознаам брзината на топчето или начинот на кој е удрено. Многу се потпираме на слухот за да се спремиме за ударот, а да се биде глув е огромен хендикеп. Тоа што Даки Ли го прави е неверојатно нешто“, рекол Мареј во Винстон Салем.
НЕЗГОДИ СО СУДИИТЕ
Даки Ли полека но сигурно ќе се појавува и на поголеми турнири. Но за време на последниот меч против Лаксонен, кога сервирал з апобеда, семафорот покажувал 40:15 а не 30:15 за Кореецот. Судијата не слушнал и настанала мала забуна додека еден од волонтерите не кренал 3 прсти и не го кажал правиот резултат.
Но се се тоа ситници во однос на тоа што се поминал Ли од својата втора година во животот.