Големиот Роналдо со најубави зборови за Ѓоковиќ

Во емисијата кај Пирс Морган кој е близок пријател со Кристијано Роналдо, најдобриот светски фудбалер на сите времиња според многумина зборуваше на разни теми. Спомна и за Новак Ѓоковиќ, најголемиот тенисер во историјата за кого Пирс Морган му кажа дека тенисерот неколку пати изјавил дека Кристијано Роналдо му е инспирација и доказ како може да се биде добар и по 40 години.

„Ѓоковиќ е одличен пример. Добро е кога имаш луѓе од другите спортови кога зборуваат добро за тебе. Новак е одличен пример за величина во спорт. Мило ми е за неговите зборови“.

Новак и Роналдо се сретнаа пред некое време во Саудиска Арабија каде Ноле играше на турнирот „Шесте крала“. Си разменија подароци и поразговараа. Новак има 38 години а Роналдо 40.

7 ноември 2025 - 13:03