Таг: подвиг

Хероина на Олимпијадата: падна на 300 метри до целта, па заврши прва

Сифан Хасан има 28 години. Родена е во Етиопија. Во 2008-ма доаѓа во Холандија како бегалец и почнува да студира за медицинска сестра. Паралелно почнала да се занимава и со атлетика.

Голем подвиг за човештвото - искачен страшниот К2 во зимски услови

Десет алпинисти од Непал поставија светски рекорд, откако станаа прв тим кој во екстремно тешки зимски услови го качија К2 - вториот највисок врв на светот, кој се наоѓа на граница меѓу Пакистан и Кина.

Првиот глув тенисер кој оствари победа на официјален тениски меч

Кореецот Даки Ли, кој од своето раѓање не слуша, направи феноменален подвиг и оствари прва историска победа на АТП Тур. Енди Мареј, Тенис Сандгрен и други познати тенисери од турот, велат дека тоа што го прави младиот Кореец е чудо.

Слушнавте ли за студентите од Велс што ќе играат квалификации за Лига Европа

Најголемо изненадување на сезоната се сметаше Ајакс, но од пред неколку дена малиот Кардиф Мет Универзитет од Велс од нигде никаде му го зема приматот на славниот клуб од Амстердам.

Чудесниот Асенсио и неговите подвизи

И покрај одличната презентација, нашите фудбалери не можеа против феноменот Марко Асенсио кој стана првиот играч кој дал гол на деби во Ла Лига, во Супер Куп на Европа, во Копа Дел Реј, во Лигата на шампионите и на дебито на Европско првенство У21.

Брајтон - Новата англиска фудбалска бајка

По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.

28 години од големиот подвиг на Мурато

Како член на Македонската Хималајска експедиција, Димитар Илиевски - Мурато на 10. мај 1989. година во 18. часот заедно со придружните членови: Стипе Божиќ, Виктор Грошељ и двајцата шерпаси Сонам и Аџива го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри) и стана првиот Македонец кому му успеал овој подвиг. Таму останале еден час, а за жал при враќањето, Мурато не успеал да се симне во последниот висински логор и засекогаш останал во големата планина.