Само петмина фудбалери во историјата постигнале хет-трик на меч од младинското Европско првенство, а меѓу нив синоќа стана и фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Прв кој се радувал на ваков подвиг бил Гркот Арис Карасавидис во 1988. година на мечот од полуфиналето меѓу Грција и Холандија (5-0). Карасавидис на тој меч дал четири гола.
Во 2009. година шведскиот центарфор Маркус Берг на ЕПУ21 против Белорусија во групната фаза (5-1), постигна три гола. На следниот хет-трик на едно младинско Европско се чекаше четири години, па така во 2013-та Тиаго Алкантара со три гола ја направи Шпанија шампион во финалето против Италија (2-4). Во 2015-та Јан Климент од Чешка во групната фаза против Србија (0-4) даде три гола.
Синоќа, против нашите младинци Асенсио стана само петтиот фудбалер во историјата кој дал три гола на меч од ЕП за играчи до 21 година. Тоа за Марко Асенсио беше дебитантски гол на ЕП У-21, а даваше голови и на дебито за Реал во Супер Купот на УЕФА, во Копа Дел Реј, во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Чудесниот Шпанец даде гол и во финалето на ЛШ против Јувентус за 4-1.