Таг: хет-трик

Чудесниот Асенсио и неговите подвизи

И покрај одличната презентација, нашите фудбалери не можеа против феноменот Марко Асенсио кој стана првиот играч кој дал гол на деби во Ла Лига, во Супер Куп на Европа, во Копа Дел Реј, во Лигата на шампионите и на дебито на Европско првенство У21.

Сите 40 хет-трика на Кристијано за Реал

Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Дрис Мертенс - 7 гола на 2 меча, 8 гола за 10 дена

Кога навивачите на Наполи дознаа дека Полјакот Аркадиуш Милик ќе паузира повеќе од шест месеци, кренаа раце од борбата за скудето. Медиумите шпекулираа со нов напаѓач, а тренерот Сари експериментираше со малиот Белгиец Мертенс во нападот и направи чудо.

Најде ли Португалија добар шпиц првпат после 1971-ва?

Повеќе од четириесет години Португалија чекаше на моментот кога нацијата нема да се моли некој од ѕвездите од средниот ред да распали од далечина и да им ги скрати маките со стерилните напаѓачи. Андре’ Силва им ја враќа надежта.

Новиот пеколен шпиц од Бока Јуниорс

Дарио Бенедето е роден на 17. мај 1990 година во местото Беразатегви во Аргентина. Играл во Арсенал Саранди, Дефенса и Џустисиа, Тихуана, Клуб Америка. Летово потпиша со Бока, ја доби деветката и синоќа се прослави со страшен хет-трик и асистенција против Килмеш на полната Бомонера.

Нереален волеј во Украина за хет-трик

Олимпик Доњецк со 3:0 го совлада попознатиот Днипро во украинското првенство. Ај што трите гола ги даде сам, туку еден од погодоците на Андриј Богданов сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш„ за најубав гол.