Таг: марко асенсио

Асенсио го има голот на сезоната за Реал Мадрид

Разликата меѓу Барса и Реал се врати на 5 бода благодарение на Асенсио и Винисиус кои ја решија Валенсија за три минути. Бернабеу уживаше во евроголот на Марко кој испука бомба која никој не ја очекуваше. Голманот не мрдна.

Страшна левица на Асенсио, голманот не мрдна

Во ситуација кога Реал вечерва го немаше ударното напаѓачко дуо Бензема - Винисиус, за трите бодови против Гранада се погрижи Марко Асенсио со опасен и неодбранлив удар.

Играш во ЛШ и ти доаѓа баба ти на 90 години

Марко Асенсио е роден во Шпанија, ама по мајка е Холанѓанец. Ја загуби кога имаше 15 години. Баба му е жива, има 90 години и цела холандска фамилија од страната на мајка му беше на стадион во Амстердам за да го гледаат на мечот Ајакс - Реал во ЛШ. На 90 години дојде да го гледа, царица. И тоа за голови и асистенции му збори, не за апчиња, чаеви и серии.

Најмангупскиот потег на колото во ЛШ

Иско даде прекрасен гол од слободен удар против Рома, новата 7-ка Маријано Диаз го даде дебитанскиот за Реал во ЛШ кој вреди да се види, ама ништо не може да го замени овој волшебен дриблинг на Марко Асенсио. Де Роси и Пелегрини не знаеа кај се. Не е фер ова што не влезе.

Кралски марш во Минхен

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем чекор кон финалето на Лигата на шампионите откако вечерва после пресврт го совладаа Баерн Минхен со 1:2. Реваншот се игра следната недела.

Плетете нова мрежа на Бернабеу, Асенсио ја искина

21 годишниот Марко Асенсио беше тивок во последно време, исто како Реал Мадрид, ама кога ќе се појави меѓу стрелците голот мора да е посебен. Ова дете е иднината на Кралскиот клуб. Пазете го проектилов против Лас Палмас.

На педантните Шпанци не им бега ни сантиметар

Со двата гола на Дани Себалос фудбалерите на Реал Мадрид славеа 1:2 на гостувањето против Алавес, а шпанските аналитичари открија дека во акцијата на едниот гол Асинсио пред да ја направи асистенцијата бил во офсајд.

Некои разлики во фудбалот денес и во 50-те

Марко Асенсио кој важи за еден од најперспективните млади играчи од Шпанија, не беше во комбинација за настап во првото коло од ЛШ меѓу Реал и АПОЕЛ. Зошто? Затоа што се делилирал, фатил инфекција и не можел да ја облече чорапата. Гатузо да ти е кога ќе ти ја шлапне една.

Сите дебитантски голови на Марко Асенсио

Страшниот талент на Реал Мадрид стана рекордер откако даваше голови на дебијата во: УЕФА Супер Куп, Ла Лига, Лига на шампиони, Европското У-21, Копа дел Реј и шпанскиот Супер Куп.

Асенсио дефинитивно не знае за обичен гол

Најдобриот млад шпански фудбалер не сме го виделе да даде нормален гол. Ова што го прави со бомбиве од 30-35 метри не е реално. Синоќа во само неколку дена по втор пат на Барса ѝ даде чудесија од гол.

Асенсио шутирај на деби колку сакаш

За Марко Асенсио дебитански настап во било кое натпреварување по дифолт значи и гол. Тоа му успеа до сега на дури шест натпреварувања, вклучувајќи го и настапот против Македонија. Му фали уште на Светско клупско првенство за да биде единствен со таков дострел.

Чудесниот Асенсио и неговите подвизи

И покрај одличната презентација, нашите фудбалери не можеа против феноменот Марко Асенсио кој стана првиот играч кој дал гол на деби во Ла Лига, во Супер Куп на Европа, во Копа Дел Реј, во Лигата на шампионите и на дебито на Европско првенство У21.

„Сењор Перес, ова е син ми Марко и тој ќе игра за вашиот клуб“

Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.