Лига на шампиони

Кралски марш во Минхен

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем чекор кон финалето на Лигата на шампионите откако вечерва после пресврт го совладаа Баерн Минхен со 1:2. Реваншот се игра следната недела.

Полуфинале на Лига на шампиони:

БАЕРН МИНХЕН - РЕАЛ МАДРИД 1:2 (1:1)
/Кимих 28’ - Марсело 44’, Асенсио 57’/

- Кристијано Роналдо стана играч со најмногу победи во историјата на Лига на шампиони (99) и го надмина Икер Касиљас.
- Баерн ги изгуби последните шест меча против Реал Мадрид (во последните 5 години Баерн изгубил само 7 меча дома од кои дури 3 од Реал Мадрид)
- „Кралскиот клуб“ сега има 150 победи во Лигата на шампионите и стана првиот тим во историјата кој стигнал до таков рекорд.