Дејвид Ли Рот за Елвис Костело
Музичките новинари го сакаат Елвис Костело бидејќи музичките новинари личат на Елвис Костело.
Ален за Черил Кол
Да се соблекуваш, да правиш секси движења и да се омажиш за богат фудбалер мора да е нешто што те исполнува. Мајка ти мора да е горда на тебе. Глупа кучка.
Трент Резнор за Мерилин Менсон
Злобен тип кој би прегазил секого и би минал секаква линија на пристојност, само за да успее.
Кортни Лав за Дејв Грол
Тој бубњарот стално ми се пушташе. И денес пишува песни за мене, само за да слушам дека ме мрази повеќе од кој било друг. Тој е подпросечен тип кој обожава да глуми фин дечко.
Дејв Грол за Кортни Лав
Грда кучка.
Пол Велер за Фреди Меркјури
Вика сакал да ѝ пружи балет на работничката класа. Која пичица!
Курт Кобеин за Ганс еН Роузис
Тоа се луѓе без талент кои прават срање музика за белци а моментално се најпознатиот рок бенд на планетава. Не ми се верува!
Ник Кејв за Ред Хот Чили Пеперс
Секогаш кога ќе слушнам некоја срање песна и ќе прашам: "Чие е ова срање?", испаѓа дека е нивно.
Ноел Галагер за Кајзер Чифс
Свират дотерани и седат на врвот на бесмисленоста. И не значат никому ништо, освен на нивните грди девојки.
Елвис Костело за Морисеј
Знае да напише одличен наслов на песна ама не и песна.
Рик Џејмс за Принс
Мал несигурен ебач кој мислам дека ги мрази луѓето од својата раса и умира да биде побел и повисок.
Роберт Смит за Морисеј
Ако Морисеј каже дека не јаде месо, јас ќе јадам месо. Ете до толку го мразам Морисеј.
Елтон Џон за Мадона
Секој ко јпее на плејбек а за тоа наплаќа карта од 75 фунти, треба да биде застрелан.
Бој Џорџ за Елтон Џон
Покрај толку пари, уште држи фризура како тетка која работи во менза.