Holly came from Miami, F.L.A.
Hitch-hiked her way across the U.S.A.
Роден како Харолдо Сантијаго Франчески Родригез Данкал во Пуерто Рико, тој на тинејџерски години го зема името Холи од лик во „Појадок кај Тифани" а наскоро потоа заминува, како што вели и песната на Рид, со автостоп, за Њујорк. Таму се среќава со Енди Ворхол и дебитира во неговиот филм „Треш", за потоа да игра и во „Револтирани жени". Во меѓувреме настапува и во неколку театарски продукции и кабаре претстави.
Постојано запаѓа во неволји, од крадење по продавници, проблеми со дрога, до инцидент во која била уапсена затоа што се претставувала како сопруга на францускиот амбасадор во ОН. Во осумдесетите се повлекува и живее со нејзините родители, а во 1991, неколку години по смртта на Ворхол, пишува автобиографија „Живот на дното на високи штикли". Во 2007 Би-би-си продуцира документарец „Приказни за рокенролот: одење по ризичниот пат", во кој ја раскажува приказната за класиката на Рид и го опишува светот на Ворхоловите ѕвезди, меѓу кои и Холи.
Но што е со другите два ликови од песната (сите заедно на фотката горе)? Кенди Дарлинг, исто така трансџендер, се појавува и во претходна песна на Велвет Андерграунд, нежната Candy Says - „Почнав да си го мразам телото/И сè што тоа бара во овој живот". Таа починала на само 29 години, од рак.
Литл Џо, кој „никогаш не попуштал кога требало да се плати“, бил секс симбол на американската филмска и геј култура во седумдесетите (всушност бил бисексуален, женет три пати, со три деца). Како тинејџерски деликвент избегал од центар за рехабилитација, се запознал со Ворхол и почнал да снима хомоеротски кратки филмови. За разлика од другите ликови на Рид овој преминал во мејстрим културата, глумејќи и во „обични" филмови. Неговите препони се на насловната на „Стики фингерс" на Стоунси, а торзото на првиот албум на Смитс. Сега има 66 години и живее во ЛА.
Шугар Плам Фери кој на улиците барал „храна за душа и место за јадење“, името го добил по ликот којшто го играл во филмот на Ворхол My Hustler. Тој во 1955 почнува врска со постар маж со кого живеел седум години. Тој постар маж, Харви Милк, подоцна станува најпопуларниот геј политичар во САД.
Џеки, онаа што мислела дека е „Џејмс Дин за еден ден", понекогаш настапувала како жена, понекогаш како маж, а нејзиниот стил на шминкање, со многу светки, се смета дека го инспирала глам-рок изгледот. Пишувала музика и поезија, а нејзината драма од 1967 „Слава, гламур и злато" му ја донела првата улога на сцената на Роберт де Ниро. Починал/а од предозирање со хероин на 38 години.
Песната: