Таг: еп у21 2017

Голманот кој чита на ливче и успешно брани

Младиот голман на Хамбургер, Јулиан Полерсберг на синоќешното полуфинале против Англија У21 на Европското во штуцната чуваше лист на кој веројатно му запишале кој од Англичаните како шутира пенал. Тоа му помогна да им одбрани два пенали на Тами Абрахам и Натан Редмонд и да ја однесе Германија во големото финале.

Најубавите голови на Европското У21

Скоро и да не паметиме дека на некое Европско првенство паднале вакви чудесии од голови. Нереално.

Прв гол и ремек-дело на Ѓорѓев

Офанзивниот играч на швајцарскиот Грасхоперс повеќе го гледавме во А тимот отколку со неговите врсници, но тоа не му сметаше вечерва против Србија да го постигне првиот гол за У-21 селекцијата. И тоа каков гол!

Чудесниот Асенсио и неговите подвизи

И покрај одличната презентација, нашите фудбалери не можеа против феноменот Марко Асенсио кој стана првиот играч кој дал гол на деби во Ла Лига, во Супер Куп на Европа, во Копа Дел Реј, во Лигата на шампионите и на дебито на Европско првенство У21.

Голгетери кои ќе се борат за Златната копачка на Европското

Точно уште еден ден останува до почетокот на најголемиот собир на млади таленти во фудбалска Европа. На дело ќе гледаме фудбалери на Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Манчестер Сити, но и расни стрелци од скромни екипи.

Тимскиот дух и другарството - најголема предност на Македонија У21

Познатите светски букмејкерски сајтови ја сметаат селекцијата на Македонија за тотален аутсајдер, но нашите бисери покажаа дека најдобро се снаоѓаат во таквата улога и може да бидат „нагазна мина“ за фаворитите.

Скаути со големи тефтери доаѓаат на Европско

Покрај стандардните акредитации за новинари, барања до УЕФА за присуство на големите настани бараат и ловците на таленти кои во Полска ќе се појават во рекорден број. Од Арсенал, Сити, Барса и Лестер, до Галатасарај и Дортмунд, сите праќаат свои луѓе.

Што ја чека Македонија на Европското У21

Играме во сабота од 20:45, па следната недела во вторник од 18 и петок од 20:45. Кои се противниците и што треба да знаеме за нивните играчи?

Македонија У21 нема пораз од 2015-та

Ако некогаш бевме навикнати на вестите од извештаите на Македонија У21 која редеше пораз до пораз, во категоријата на фудбалери до 21 година веќе две години атмосферата е сосема поинаква.

Македонија У21 ги доби противниците за Европско

За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.