Најголемиот фудбалски собир на континентот ќе биде можност талентите да остават добар впечаток на скаутите кои ќе ги гледаат. Нашите фудбалери веќе остварија историски успех со првиот пласман на Европско првенство така што во Полска им останува да играат растеретени од каков било резултатски императив.
Таквиот пристап би можел да им овозможи да покажат сè што знаат и во екот на трансфер преодниот рок да заработат добар договор во некој од поголемите европски клубови.
Замислете само: Борусија Дортмунд доаѓа со дури седум скаути, Арсенал со четворица, Челси со тројца меѓу кои ќе биде и шефот на оваа служба на „Стемфорд Бриџ“, Џејмс Бел-Вокер.
Свои луѓе на задача пратија и Интер, Тотенхем, Фиорентина, Монако, Баер Леверкузен, Селта Виго, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, ПАОК, Лестер, Херта, Херенвен, Андерлехт, ПСВ Ајндховен, Бешикташ, Саутемптон, Славија Прага, Малме, Њукасл, Сасуоло, Вотфорд, Штутгарт, Спартак Москва и многу други.