Таг: македонија у21

Македонија играше фудбал, Шпанија се надава голови

Младата репрезентација на Македонија одигра храбро и убаво за око на дебитантскиот настап на Европско првенство, но противникот ги искористи сите шанси и славеше убедливо. Имавме преку 20 шута кон противничкиот гол, но не го постигнавме историскиот прв погодок.

Скаути со големи тефтери доаѓаат на Европско

Покрај стандардните акредитации за новинари, барања до УЕФА за присуство на големите настани бараат и ловците на таленти кои во Полска ќе се појават во рекорден број. Од Арсенал, Сити, Барса и Лестер, до Галатасарај и Дортмунд, сите праќаат свои луѓе.

Што ги чека младите фудбалери на Европското?

Репрезентацијата на Македонија У21 како ретко кој спортски колектив ја израдува земјава. Импресиите за маестралните настапи на дечките уште не стивнуваат, а допрва ќе исчекуваме против кој ќе играат на Европското првенство.

Импресивната Македонија оди на Европско!

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 10 меча оствари дури шест победи, освои неверојатни 21 бод и апсолутно заслужено ќе игра на првото историско Европско првенство за нашата земја. Неверојатен подвиг на генерацијата која ќе се памети уште долги години.