ГРУПА А: Полска, Шведска, Словачка, Англија.
ГРУПА Б: Португалија, Србија, Македонија, Шпанија.
ГРУПА Ц: Германија, Чешка Република, Италија, Данска.
Европското првенство за фудбалери до 21 година ќе се игра од 16. до 30. јуни следната година во шест градови во Полска: Лублин, Кјелце, Гданск, Бидгошч, Краков и Тихи.
Во Кјелце и Лублин ќе се играат натпревари од групата А, во Гданск и Бидгошч мечеви од групата Б а во Тихи и Краков ќе се играат средби од групата Ц плус полуфиналните натпревари. Финалето ќе се игра на Арената Краков на 30. јуни.
Европското првенство, согласно определениот натпреварувачки систем ќе се игра во три групи од по четири репрезентации. Првопласираните од трите групи, заедно со најдобрата второпласирана, ќе играат во полуфиналето на шампионатот.
На денешната ждрепка во Полска, нашата федерација ја претсатуваа селекторот на У21, Боби Милевски и портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
Поопширно за тоа што ги чека нашите дечки во Полска тука.