УЕФА ЕП 2017

Што ја чека Македонија на Европското У21

Играме во сабота од 20:45, па следната недела во вторник од 18 и петок од 20:45. Кои се противниците и што треба да знаеме за нивните играчи?

Првото младинско Европско првенство се играло во 1972 година и од тогаш до денес се игра на секои две години.

За тоа колку голем настан во фудбалот е овој турнир зборува и фактот дека своите славни репрезентативни кариери, од ова првенство ги почнале: Тоти, Неста, Пирло, Толдо, Канаваро, Абијати, Чави, Раул, Мата, Давид Силва, Хумелс, Киелини, Кантона, Лоран Блан, Гути, Валерон, Џилардино и други.

Најтрофејна селекција е Италија со дури 5 злата (1992, 1994, 1996, 2000, 2004), втора е Шпанија со 4 (1986, 1998, 2011, 2013), а трет е поранешниот Советски Сојуз со 3 (1976, 1980, 1990). Англија и Холандија два пати го имаат освоено ова ЕП У21.

Стадионот Мијески на кој Македонија ќе игра против Шпанија и Португалија

Годинава титулата ја брани Шведска која пред 2 години ја победи Португалија во финалето. Домаќин на Европското ќе биде Полска, а свеченото отворање е на 16. јуни (петок) од 18 часот кога ќе играат Шведска - Англија. Од 20:45 во петок од истата група А, ќе играат домаќинот Полска и Словачка.

Што се однесува до нашата фудбалска репрезентација, веќе е познато дека сме во најсилната група Б со Шпанија, Португалија и Србија, селекции кои претендираат за завршницата. Мечевите ќе ги играме во градот Гдиња на стадионот со капацитет од 15.139 седечки места. Што се однесува до коефицентите за првиот меч Шпанија - Македонија (сабота 17. јуни од 20:45), за триумф на Шпанците е 1.20, за реми 5.75 а за победа на нашите момци движи од 11.50 до 17.00

ШПАНИЈА У21

Селектор на Шпанија У21 е Алберт Селадес, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид.

Шпанците во селекцијата имаат неколку фудбалери кои веќе подолго време играат во Лигата на шампионите во големи екипи. Но и покрај тоа Шпанците на Евро стигнаа преку баражот во кој едвај ја поминаа Австрија со гол на гости. Првиот меч заврши 0-0, а реваншот 1-1 па “Фуријата“ обезбеди место во завршницата. Најголеми ѕвезди од овој состав се Асенсио од Реал, Борха Мајорал од Волфсбург, Ињаки Вилијамс од Билбао и Хектор Белерин од Арсенал.

 

Голмани:

Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао)
Пау Лопез (Тотенхем)
Рубен Бланко (Селта Виго)

Одбрана:

Џонатан ’Џони’ Кастро (Селта Виго)
Диего Гонзалес (Атлетик Билбао)
Алехандро Грималдо (Бенфика)
Хорхе Мере (Спортинг Хихон)
Хезус Ваљехо (Ајнтрахт Франкфурт)
Алваро Одриозола (Реал Сосиедад)
Хозе Гаја (Валенсија)
Хектор Белерин (Арсенал)

Среден ред:

Микел Мерино (Борусија Дортмунд)
Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад)
Маркос Љоренте (Депортиво Алавес)
Саул Њигез (Атлетико Мадрид)
Карлос Солер (Валенсија)
Даниел Себалос (Бетис)
Марко Асенсио (Реал Мадрид)
Денис Суарез (Барселона)
Жерар Делофеу (Милан)

Напад:

Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао)
Сандро Рамирез (Малага)
Борха Мајорал (Волфсбуг)

СРБИЈА У21

Србите имаат две финалиња на Европското до 21 година и два пати беа вицешампиони (2004 и 2007). Иако букмејкерите ги ставија место пред нас на листата можни освојувачи (ние сме најдолу), избраниците на Ненад Лалатовиќ имаат мошне интересен состав на играчи кои пред две години станаа светски шампиони на Мундијалот У-20.

Најголема ѕвезда на екипата, фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ не доби дозвола од клубот да игра на ЕП (не е во календарски распоред на ФИФА па клубот има право), така што лидери на тимот ќе бидат играчот на Бенфика Андрија Живковиќ, на Ливерпул Марко Грујиќ и Мијат Гаќиновиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Мечот Македонија - Србија е во рамките од 2. коло и се игра на 20. јуни (вторник) од 18 часот.

Стадионот Kompleks Sportowy Zawisza во градот Бигдошч на кој ќе играме против Србија

Голмани:

Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино)
Борис Радуновиќ (Авелино)
Филип Манојловиќ (Црвена звезда)

Одбрана:

Милан Гаиќ (Бордо)
Александар Филиповиќ (Вождовац)
Мирослав Богосавац (Чукарички)
Вукашин Јовановиќ (Бордо)
Радован Панков (УРАЛ)
Милош Вељковиќ (Вердер)
Никола Миленковиќ (Фиорентина)
Немања Антонов (Грасхоперс)

Среден ред:

Андрија Живковиќ (Бенфика)
Немања Максимовиќ (Астана)
Дејан Мелег (Војводина)
Марко Грујиќ (Ливерпул)
Срѓан Плавшиќ (Црвена звезда)
Сергеј Миленковиќ-Савиќ (Лацио)
Саша Лукиќ (Торино)
Мијат Гаќиновиќ (Ајнтрахт)
Немања Радоњиќ (Чукарички)

Напад:

Александар Чавриќ (Слован)
Огњен Ожеговиќ (Чукарички)
Урош Ѓурѓевиќ (Партизан)

ПОРТУГАЛИЈА

Заедно со Германија Португалците се најголеми фаворити за златото. Пред две години на пенали загубија 4-3 во финалето против Шведска и сега се решени да одат до самиот крај. 

Португалците сериозно работат со младинските категории кои се извор за А тимот кој лани стана шампион на Европа со неколку играчи до 21 година. Во репрезентација го имаат најдобриот играч на Европското и најголемата ѕвезда која ќе се појави во Полска, Ренато Санчез, 19-годишниот фудбалер за кого Баерн Минхен даде дури 40 милиони евра!

Тука се и неверојатниот талент Гуедес кој потпиша со ПСЖ, како и Брума, шпицот на Галатасарај.

Голмани:

Жоел Переира (Манчестер Јунајтед)
Мигел Силва (Виторија СЦ)
Бруно Варела (Виторија СЦ)

Одбрана:

Фернандо Фонсека (Порто)
Кевин Родригез (Реал Сосиедад)
Едгар Ие (Беленшеш)
Тобиас Фигуеридо (Национал)
Рубен Семедо (Спортинг)
Жоао Кансело (Валенсија)
Педро Ребочо (Мореиренсе)

Среден ред:

Франциско Рамос (Порто)
Рубен Невес (Порто)
Ренато Санчез (Баерн Минхен)
Томаш Подставски (Порто)
Жоао Карваљо (Виторија СЦ)
Франциско Гералдес (Спортинг Лисабон)
Бруно Фернандес (Сампдорија)
Јури Медеирос (Боависта)
Рони Лопез (Лил)

Напад:

Диого Жота (Порто)
Даниел Поденсе (Спортинг)
Рикардо Хорда (Брага)
Гонкало Пасиенсиа (Рио Аве)
Брума (Галатасарај)
Гонкало Гуедес (ПСЖ)

КОЕФИЦЕНТИ И КЛАДИЛНИЦИ

Една од најголемите обложувалници на светот "Bet365" ги одреди коефицентите за листата на фаворити:

1. Шпанија 4.00
2. Германија 4.33
3. Италија 6.50
4. Португалија 7.00
5. Англија 10.00
6. Полска 16.00
7. Шведска 16.00
8. Чешка Република 16.00
9. Данска 20.00
10. Словачка 25.00
11. Србија 25.00
12. Македонија 50.00

ТВ ПРЕНОС

Телевизија Нова обезбеди пренос од сите натпревари на ЕП У21, а средбите во регионов ќе ги пренесува и Арена ТВ.