Една од главните хероини на Олимписките Игри во Токио е Сифан Хасан која на квалификациската трка на 1.500 метри доживеа голем пех кога падна на 300 метри пред крајот но не се откажа. Напротив запна со сите сили и на крајот победнички заврши како прва со време од 4:05.17 со што влезе во полуфиналето кое ќе се трча на 4. август (среда) а финалето е во петок.
Со болки во рамето, само 11 часа по падот, Сифан Хасан го освои златото на трката на 5.000 метри (14:36.69), а фаворит е и на другите долги дистанци. Холанѓанката од Етиопија е двократна европска шампионка, двократна светска шампионка од Мундијалот 2019 во Доха (злато на 10.000 и 1.500 метри), има бронзени медали од Светското 2015 во Пекинг (1.500 метри) и од Лондон 2017 (5.000 метри).
Досега три златни олимписки медали на долги дистанци освоил само легендарниот Финец Паво Нурми во летото 1924-та во Париз. Нурми освоил злато на 1.500 и 5.000 метри и тоа во размак од само два часа. Екипно освоил злато на 3.000 метри.
Секоја чест девојко.
На видеото може да ја следите во портокалов дрес во позадина: