Таг: маратон

Историски миг во Париз, Дарио Ивановски гордо на целта со македонското знаме

10 август 2024-та ќе остане запечатен како историски датум за македонскиот спорт. Дарио Ивановски е првиот Македонец кој настапи на Олимписки игри во тешката и исцрпувачка дисциплина, а тоа е маратонот во должина од 42 километри.

Луѓе ќе речат наместен е маратонот

На полумаратонот во Пекинг „победи“ кинескиот маратонец Хе Цзе, а „позади“ него беа тројца африкански маратонци. Победата вака излгедаше.

Кинез истрча маратон со цигара во уста цели 42 километри

Маратонците важат за едни од најздравите спортисти кои во пракса треба со чоколадо да берат памет, а не па со тутун. Чен не мисли така и ја тера по свое, ама не ги прекршува правилата.

Кандидатот за фер плеј на годината е учесник на „Охрид трчаТ“

Македонските прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Него во сандаче ни стигна клип, како еден натпреварувач уште на стартот ногу брзат, ама и буткат деца за да стигнит прв.

Хероина на Олимпијадата: падна на 300 метри до целта, па заврши прва

Сифан Хасан има 28 години. Родена е во Етиопија. Во 2008-ма доаѓа во Холандија како бегалец и почнува да студира за медицинска сестра. Паралелно почнала да се занимава и со атлетика.

Коментатор, навивач на Лестер трчал 150 км за 6 дена за финалето на Вембли

Инспириран од еден настан од пред 70-ина години, настан кој сигурно заслужува игран филм, еден фудбалски коментатор во Англија решава да направи сличен подвиг. И успева во намерата со супер поддршка.

Људина

Ви текнува на ова лани во Доха на Светското првенство во атлетика? Светот го освои со овој бесценет гест, а не со трката.

Французин се решил за домашен маратон - 7 часа трчал на балкон

Карантинот и изолацијата не е повод во целост да се заборави на спортот. Секој се снаоѓа како умее. Тоа го докажа и францускиот атлетичар Елиша Ночомовиц.

10 дена и 9 часа: најдолгиот маратон со изведба на дела од Бетовен

Во чест на 250 години од раѓањето на Бетовен, Данскиoт гудачки квартет од 7-18 февруари во Линколн центарот во Њујорк го изведе целиот циклус негови композиции за ваков ансамбл. На крај настапиле и на бис, за да покажат дека уште им се свири.

Поради топлотни бранови, Олимпискиот маратон ќе се трча 1.000 километри подалеку од Токио

Следното лето во 2020, освен во Европско првенство во фудбал, ќе се ужива и во Олимписките Игри кои ќе се одржат во Јапонија. Ама за спортистите нема да биде баш најпријатно, затоа што се очекува во Токио да „врие асфалт“ следното лето.

Последните секунди од рекордниот маратон на Елиуд Кипчоге

Во историски подвиг за човештвото Елиуд Кипчоге успеа за прв пат во историјата да истрча маратон за време под 2 часа. За да ви биде појасно, за да истрчаш маратон, 42 километри, под 2 часа, тоа значи дека треба еден километар да го трчаш за 2 минути и 51 секунда (и тоа после да го повториш уште 41 пат).

Од сирак, излажан и оставен во сиропиталиште до рекордер на 10.000 метри

Приказната за ова дете било инспирација и за италијански режисер кој направил документарец, прикажуван на неколку фестивали. Среќа што се нашол некој да го посвои, инаку кој знае што ќе беше сега со овој талент кој стигна до златни медали.

Не се опишува овој фер плеј потег

Ако има некој дострел поголем од тоа да освоиш злато на едно Светско првенство во атлетика, тогаш дефинитивно ова е тој. Еднаш на 100 години се гледаат вакви сцени. Светот го освои, не трката.

Зрели за трчање

Луѓето на возраст од 40 до 49 години конзистентно трчаат побрзо на маратоните отколку нивните помлади конкуренти, покажуваат новите студии на луѓето што ревносно мерат колку другите истрчале - Страва.

Молдавец трчал 50 км маратон на -60 во Јакутија

Екстремниот спортист Дмитриј Волошин од Молдавија истчрал 50 километри во Јакутија - најстудениот реон на Земјата каде пред 80 години била регистрирана рекордна температура од минус 71,2 степени.

Навивач на Барнли кој лекува депресија со трчање на секој гостински меч

Еден од честите совети на лекарите и психотерапевтите е дека напорното физичко вежбање и трчање е една од насоките на патот кон излегување од тешката депресија и другите анксиозни состојби.

Оди трчај да те видам на маратонов во Венеција

Топлото време не може да им биде добар сојузник на маратонците, ама ниту пороен дожд. Викендов во Венеција природата си поигра со учесниците кои не знаеа дали да продолжат со трчање или со пливање. Маратонот на 42 км не се прекина. И покрај тоа што тука нема нормални услови за трка, првото место го освои Етиопиец.

Белорусинката која раскрвавена освои злато во маратон на Европско

Додека читавме како македонската претставничка на трка од Европското во атлетика заврши убедливо последна, па уште и позираше со гест „двоглав орел“ кој знаеме што означува, Белорусинката Мазуренок направи надчовечки подвиг до златото.

Малиот што треба да добие златен медал на маратон

На еден маратон, дете со кацига на глава им држи хамер со нацртана печурка од култниот јунак Супер Марио која носи енергија.

Знаете ли кога е одржан првиот Скопски маратон?

На јак снег на 23 март 1997 година. Шеесет и четворица се пријавиле за големиот маратон (42 километри), а сто и двајца се пријавиле за полу-маратонот од 21 километар. Наградата за полу-маратон била 1.000 германски марки.

Ако сакате да имате омилен маратонец, нека биде службеникот што победи во Бостон

Се вика Јуки Каваучи, има 31 година, доаѓа од Јапонија и неговата победа комплетно ги изненади експертите и коментаторите на Бостонскиот маратон, ама не и неговите фанови низ светот.

Маратонец победил откако другите ја утнале рутата

Италијанецот со африканско потекло Ејоб Фаниел победил на маратонот во Венеција по бизарниот момент во кој фаворитите на трката следеле мотор кој тргнал во грешна насока.

Најубавите места на релито ’Патот на свилата’

Меѓународниот рели маратон ’Патот на свилата’ (Silk Way Rally) е годишно рели коешто се вози од Русија, преку Казахстан до Кина.