На Европското атлетско првенство во Берлин, Белорусинката Олга Мазуренок го освои златото во маратонско трчање откако ја совлада дистанцата за 2 часа и 26 минути.
Но подвигот на Олга не е само обично маратонско трчање.
Веќе неколку дена во Берлин, како и во поголемиот дел од Европа има големи температурни разлики кои не им годеле на маратонците, а во неделата кога женскиот маратон се трчаше температурата покажала комфорни 21 степен.
И покрај тоа, лидерот во женско трчање сезонава, Олга Мазуренок имала проблеми на почеток од трката. После 30 минути од стартот, на Олга ѝ пукнале носните капилари и од нос ѝ потекла крв.
Поранешниот шведски атлетичар Линус Тернблуд во време на преносот на „Евроспорт“ рекол дека течењето крв од нос би можело да ѝ смета на Олга при дишењето.
А Белорусинката немала намера да запре - го бришела лицето со салфетки и ставила тампон. Многумина помислиле дека таа нема да може да се справи со крвотокот но таа продолжила да трча.
Incredibile.#EC2018 #Berlin2018 #TheMoment pic.twitter.com/E7WsLvitjP
— Atleti Disagiati (@AtletiDisagiati) August 12, 2018
На последните километри од маратонот Олга заедно со Французинката Клеман Калвен сериозно се оддалечиле од останатите маратонки.
Во еден момент се случило нешто неочекувано - Олга и покрај неприликите со крвотокот и промашувањето на делницата поради невнимание на судиите, последните стотина метри ги истрчала надчовечки и заслужено го освоила златниот медал.
After nosebleeds and being sent the wrong way, Gold for Volha Mazuronak in the women’s marathon is the very best result.
— NeilMorrans (@NeilMorrans) August 12, 2018
🇧🇾 Mazuronak 2:26:22 (74:00/72:22)
🇫🇷 Calvin 2:26:28 (debut)
🇨🇿 Vrabcova 2:26:31 #EC2018 #Berlin2018 pic.twitter.com/xuoTbsYwc6