Кинезот Чен има 50 години и на маратонот во Ксинјанг, Кина трчаше со цигара во уста од почеток до крај.
Да се разбереме, Чен, познат во јавноста и како вујко Чен, не ја држел цигарата незапалена, туку пушел во текот на цел 42 километарски маратон.
Од 1.500 натпреварувачи завршил на 574 место со време од 3 часа, 28 минути и 45 секунди и привлекол големо внимание на социјалните мрежи.
Кинеската сензација уствари да ти бил маратонец пушач со искуство. Тој претходно со пушење ги истрчал маратоните Гуангжу во 2018-та и Ксиамен во 2019-та. Првиот со време од 3:36, вториот 3:32.
Вујко Чен се натпреварува и на ултрамаратони од по 12 часа.
Реакциите на луѓето се различни. Едни го сметаат за херој, а други за лош пример.
Во моментов не постојат правила кои им забрануваат на маратонците да пушат цигари додека се натпреваруваат.