Французин се решил за домашен маратон - 7 часа трчал на балкон

Карантинот и изолацијата не е повод во целост да се заборави на спортот. Секој се снаоѓа како умее. Тоа го докажа и францускиот атлетичар Елиша Ночомовиц.

Французинот Ночомовиц трчал маратон без да излезе од станот. Во тоа му се нашол 7-метарскиот балкон.

Франција, како и речиси сите европски земји е во жесток карантин поради панемијата на КОВИД-19. Таму живеалиштетот можеш да го напуштиш само при силна неопходност: да одиш до маркет или во аптека или да прошеташ домашен миленик.

Во последните денови во Франција времето било убаво па на улиците имало многу маратонци, атлетичари, спортисти. Тоа ги вознемирило властите. Градот Балма кој се наоѓа близу Тулуз не е исклучок.

Таму живее и Ночомовиц кој се помирил со изолацијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🎖FINISHER MARATHON DE MON BALCON🎖 . 🔸️Je viens courir pendant près de 7heures sur mon balcon de 7 mètres de long et 1metre de large. (Vous avez été nombreux à calculer,à peu près 6000 A/R) J'avais la possibilité de sortir pour courir autour de la maison,mais si tout le monde pense pareil on aurait été nombreux dehors... Mon travail a été reconnu d'inutilité public,donc le meilleur moyen de ne pas se laisser abattre c'est de faire du sport. 🔸️La consigne était de rester à la maison,c'est ce que j'ai fait. Juste pour vous montrer qu'on a pas d'excuses,et s'il vous plaît penser à toutes ces aides soignants qui sont en première ligne face à ce virus 🙏🙏❤ J'écris à chaud après avoir tourner pendant 7h sur mon balcon...tout se mélange dans ma tête et j'ai envie de vomir hahaha... Mais merci à tous et toutes pour vos messages/soutien tout le long de la journée. Vous m'avez bien aider à tenir. J'ai bossé mon mental aujourdhui. Je ne me pensais plus capable de courir 42bornes mais #marathonman est toujours présent ⚡🤜🤛 LA BISE #marathonman #runhappy #runhappyteam #runtoexplore #runtoinspire #runstoppable #motivationoftheday #nopainnogain #runningmotivation #runnerlife #igrunners #runnersofinstagram #picoftheday #marathonfinisher #fuckcovid19 #npng #trainhard #workhard #athlete #motivation #brooksrunhappyteam

A post shared by 🌟Marathon-Man 🌟 RunHappyTeam🇲🇫 (@elisha_nochomovitz) on

„Јас повеќе од 7 часа трчкарав по балконот долг 7 метри и широк 1 метар (околу 6.000 круга). Можев да трчам надвор од дома, но ако сите мислиме така, тогаш многу луѓе би излегле на улица.

Мојата работа ја прогласија за општествено бескорисна, така што најдобра можност да не падне човек во апатија е да се занимава со спорт.

Ни викаат останете дома, тоа и го сторив. Просто да ви покажам дека немаме оправдание. И ве молам, помислете на медициснките работници кои водат борба со вирусот. Сакав да пуштам не толку луд челенџ, малку да донесам хумор за да не биде драматична ситуацијата со самоизолација“, напишал Ночомовиц на фејсбук.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

"LES DEMI-FONDEURS, PRENEZ EXEMPLE, ÇA FORGE LE MENTAL" ! ✌ -------------------- Après le défi fou de @nassim.yns qui consistait à courir un 5km autour d'une table, c'est un défi complément INIMAGINABLE qui a fait son apparition... 🙈 Elisha Nochomovitz, résidant à Balma et en plein confinement, a eu l'incroyable idée de courir un marathon (42km195)... sur le balcon, long de 7 mètres, de son appartement ! 😱 UN DÉFI RELEVÉ EN 6H48 ! 😍 -------------------- MERCI ELISHA ! ❤ @elisha_nochomovitz -------------------- #athletisme #trackandfield #running #run #polevault #highjump #runner #runners #longjump #triplejump #hurdles #sprint #instarunner #instarunners #diamondleague #nikerunning #triathlete #nikeplus #trailrunning #instarun #swimbikerun #runhappy #tracknation #strava #stravarun #footing #courir #runstoppable #happyrunningcrew #runaddict

A post shared by Les Athlètes Français 🇫🇷 FFA (@les_athletes_francais) on

Ночомовиц се спремал за маратон и затоа не сака да ги прекине тренинзите. По балконот трчкарал 6 часа и 48 минути. Му било мачно а и незгодно комшиите да не се бунат за тропање. Интересно, девојка му му помагала да „истрча“ до крај: му давала пијалаци и дражеи M&Ms.

„Додека трчкарав, мислев на многу нешта. Што ќе се случи кога ќе заврши ова: со спортот, со економијата, со финансиите. Од историја знаеме многу за војни меѓу народите, но ова не е во наша власт“, додава францускиот маратонец.

32-годишниот Ночомовиц е искусен атлетичар. Тој во кариерата истрчал дури 36 маратони а член е и на тимот Brooks Run Happy Team.

Французинот пред да почне глобалната криза се пријавил на маратоните во Барселона и Париз, но и двата се откажани поради ширењето на коронавирусот. Во карантин сега му останало трчањето, затоа што неговата основна работа - ресторанот, затворил.

23 март 2020 - 12:57