По 22 години еден Италијанец слави на маратонот во Венеција но за време на 32. издание на овој познат маратон првпат имаше смешна епизода.
Фаворитите и маратонците кои биле во водство: Абдулал Давуд, Жилберт Киплетинг Чумба, Кипкемеи Мутаи и Давид Кипроно Мето воделе по 25 истрчани километри кога моторциклот којшто ги водел фатил грешна насока, па шесте лидери утнале 100-ина метри пред да се свестат дека не се во права насока и да се вратат назад.
Тоа ги чинело две минути а Фаниел којшто трча за локалниот маратонски клуб „Венеција“ бил една минута пред нив и на крајот славел победа.
25-годишниот Фаниел ја завршил трката за 2 часа, 12 минути и 16 секунди пред Мохамед Муса кој задоцнил две минути. Трет бил Тарик Бамаруф а четврт Чумба.
Ејоб во Италија се доселил во 2004-та година со семејството. На почетокот играл фудбал но потоа продоложил со неговиот омилен спорт - атлетиката. Во 2015-та добил италијанско државјанство и се стекнал со право да трча за оваа земја.
Последен Италијанец кој славел на овој маратон бил Данило Гофи во 1995 година.