Таг: трка

Пример за „не се откажувај“: џокејот што победил во трка иако бил мртов

Во историјата на трките со коњи, еден човек има посебно место. Френк Хејс ја добил првата и за жал последна трка во својата кариера на коњот Сладок бакнеж и покрај тоа што, благо кажано, бил во тешка здравствена состојба. Излегло дека бакнежот бил смртен.

Марк Маркез и чудото да победиш на светска трка со една рака после три тешки операции

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез сезонава ја импресионираше светската јавност откако изведе научно-фантастична победа со користење цел товар само на една рака, подвиг што не се гледа често.

Трката на таткото и синот со 5 милиони прегледи

Трка на денот, сеир на денот или татко на денот? Треба да го заобиколат теренот и потоа тој ќе што стаса прв дава гол. Таткото има голема предност и стигнува до целта, но...Инаку да, 5 милиони прегледи има видеово.

На сред трка му стискаше кочница на моторот на противникот

Италијанскиот тркач Романо Фенати беше дисквалификуван од Гран-прито на Сан Марино а причина за тоа е неспортско однесување за време на трка од Moto2 на етапата во Мизано.

Од кај им тоа на пилотите во Формула 1 да се прскаат со шампанско?

Традицијата е стара речиси 50-ина години а првпат полевање со шампањ се случило сосема спонтано поради тоа што шишињата ги оставиле на силно сонце.

Најидиотската трка на 100 метри (со пречки)

Не знаеме кој дошол до ваква генијална идеја, ама кој и да е, смислил сигурен погубен “атлетски“ натпревар на кој шансите се поголеми да има повеќе повредени од луѓе кои ќе ја завршат трката.

Маратонец победил откако другите ја утнале рутата

Италијанецот со африканско потекло Ејоб Фаниел победил на маратонот во Венеција по бизарниот момент во кој фаворитите на трката следеле мотор кој тргнал во грешна насока.

Најдобра финта за велосипедска трка

Во пресрет на најтешката етапа на 104. издание на Тур де Франс која што се вози денес и која е најава за финишот во Париз, го поздравуваме велосипедистот кој знае како да претекнува.

Што ти е братска љубов

Видеово е многу јако, а демонстрира братство и единство во атлетика. Братов со повеќе снага не само што сакаше да го спаси другиов кој беше пред цркање, туку си ја жртвуваше победата и згора на се го пушти да заврши втор, а тој излезе трет.

Кога очите не можат, срцето ги води до целта

Додека Рио беше во тек, се друго од спорт беше споредно. Сега на ред се Параолимпијците за кои малку се зборува, а тие заслужуваат многу, ама многу повеќе особено по оваа историска трка.

Ремек делото на Фернандо Алонсо во Монако

Најдобриот пилот во последната деценија во Ф1, во предвечерјето на Гран При во Монако играше на традиционалниот меч меѓу Ф1 пилотите и фудбалерите.

Валентино Роси или Хорхе Лоренцо, кој ќе ја освои титулата?

И покрај тоа што на последната трка сезонава во Валенсија Роси ќе стартува последен поради инцидентот со Маркез минатиот викенд, Италијанецот има какви такви шанси да ја освои титулата. Што вели пресметката?

Што ако моторот нема газда

Мото ЏиПи трките се празник за адреналинските зависници, а последната трка донесе и една несекојдневна случка.

28 повредени гледачи на трката во Дејтона

Едно тркало и многу помали делови од автомобилот на Кајл Ларсон летнаа во публиката и повредија 28 гледачи по застрашувачката несреќа на самиот финиш од НАСКАР трката во Дејтона. 14 повредени се префлени во болница, а еден е во животна опасност.

Среќа во несреќа на драг-рејс трка

Антрон Браун кој е еден од најдобрите возачи на автомобили во категоријата „Драг Рејс" преживеа чудо. Во моментот кога достигна брзина од неверојатни 480 км на час, не само што куртули од најлошото, туку лекарските прегледи покажале дека тој не е ниту повреден.