Алжирецот Абделатив Бака го направи можеби најголемиот подвиг во историјата на Параолимпијадите. Во финалето на трката на 1.500 метри тој истрча со време од 3:48:29 и постави нов светски и параолимпијски рекорд.
Тоа што е за историја и неверување е фактот дека Бака истрча побрзо дури и од победникот на истата трка на Олимписките игри минатиот месец на кои златниот медал го освои Американецот Метју Кентровиц со време од 3:50:00.
Абделатив Бака има 22 години и спаѓа во категоријата Т13, која е за слепи лица со најлесно попречување на видот и кои можат да настапат без водич.
И тоа не е се бидејќи вкупно четворица параолимпијци имаа подобро остварено време од олимпискиот шампион Кентровиц. Останатите се Тамиру Демисе од Етиопија (3:48.59), Хенри Кирва од Кенија (3:49.59) и Фоуад Бака од Алжир (3:49.84).