Таг: параолимпијада

Како изгледа фудбал на Паралимпијада со слепи?

Исто е, ама не е исто и изгледа необично, особено кога ќе видите како голманите кои не се слепи примаат голови од слепи. Кој е најдобар? Бразил.

Наковска – Бикова влезе во финале на ПОИ во Токио и заврши шеста

На 16-те Паралимписки игри, имаме еден претставник со големо искуство и златен медал, а ова за неа е петта Паралимпијада во кариерата.

Светски шампион работи како доставувач на храна за да собере пари за Параолимпијада

Има недостаток на екстремитети, оди со протетички нозе, но со помош на своето јуначко срце и победнички менталитет се движи напред (во животот), кој оваа година му носи нов голем предизвик.

Италијанката која освои златен медал без раце и нозе

„Неустрашливоста и оптимизмот на Беатриче се натприродни. Никогаш не сум сретнала некој со толку самодоверба и возбуда што е жив“, вели продуцентката на документарецот за единствената параолимпијка во светот која се мачува без раце.

Најдобрите спортски реклами во 2016

Минатата година неколку спортисти се појавија во реклами на познати брендови кои за таа прилика смислија необични приказни.

Најгледаниот настап на Параолимпијадата во Рио

Со скоро 3,5 милиони прегледи, овој дриблинг целосно го собра вниманието на фудбалската јавност. Се работи за мечот помеѓу Иран и Мароко за слепи и фудбалери со оштетен вид, а мајсторот е Безад Зад Али Асгари кој покажа дека можело и вака без да гледа.

Кога очите не можат, срцето ги води до целта

Додека Рио беше во тек, се друго од спорт беше споредно. Сега на ред се Параолимпијците за кои малку се зборува, а тие заслужуваат многу, ама многу повеќе особено по оваа историска трка.

Ноле ги носи параолимпијците во Лос Анџелес

Хуманитарната акција во Србија успеа. Српската делегација ќе патува на Специјалната олимпијада во САД со помош на најдобриот тенисер во светот.

Пет години затвор за Писториус

Параолимпиецот е осуден за убиство на неговата девојка кое се случи минатата година во неговиот дом.

На спортот не му е гајле

"Идеолошки" е сличен на спотот на Проктер и Гембл за мајките на Параолимпијците, само што овој наместо мајки ги има луѓето што ќе се појават на Параолимпијадата во Сочи. Поентата е: "Параолимпијците не одат на Игрите затоа што сакаат да покажаат нешто во врска со својот хендикеп, тие одат затоа што сакаат да освојат медал. И ова често се заборава кога се овие Игри во прашање."

Параолимпиец бил допингуван од поранешната девојка

Гундуз Исмаилов од Азербејџан по раскинувањето со девојката добил и шамар од неа. На Параолимпијадата во Атина му ставила недозволени средства во пијалокот за што доби доживотна забрана за натпреварување.

Го продава златниот медал за да си го спаси здравјето

Параолимписката шампионка Лиу Јукун одлучи да се прости од златниот медал кој го освои на Параолимписките игри во Барселона 1992 и парите да ги вложи за операција.

Параолимпиец без раце освои сребро во стреличарство

На Параолимписките игри во Лондон секој натпреварувач има своја приказна, но онаа на Мет Стацман е помеѓу најневообичаените. 29-годишниот параолимпиец успеа да освои сребрен медал во стреличарство и покрај тоа што нема раце.

Параолимписко злато за поранешен Ф1 возач

Пред 11 години поранешниот возач во Формула 1, Алекс Ѕанарди ја измами смртта кога во страшна несреќа ги загуби нозете, а од вчера тој повторно е спортски херој откако стана параолимписки шампион.

Се мотивира со страв од ајкула што му одгриза нога

На спортистите секогаш им е потребна мотивација за успех. За некој тоа се парите, а еден пливач на Параолимписките игри во Лондон се мотивира со страв од ајкулата која му ја одгризала ногата.

Терорист освои 14 параолимписки медали

Шпанецот Себастијан Родригес Велосо кој на Параолимписките игри во Лондон освои два медали или вкупно 14 на три Параолимпијади, во 1985-та година бил осуден на 84 години затвор за бомбашки напади и убиство.

Злато и светски рекорд за Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а во квалификациите успеа да го сруши и светскиот рекорд.

Параолимпијадата може да започне

20 дена по завршувањето на Олимписките игри, Лондон е домаќин и на Параолимписките игри на кои ќе настапат 4.200 спортисти од 165 држави кои ќе се натпреваруваат во 20 дисциплини.

Парадопинг на олимписки начин

Познавачите на состојбите меѓу параолимпијците стравуваат дека добар дел од парализираните спортисти намерно ќе се повредуваат со нивните недозволени методи за постигнување подобри резултати. Верувајте, прилично драстични методи.

Луѓето што не се откажуваат

Две недели по завршувањето на олимписките игри, борбата продолжува на Параолимпијадата во Лондон.