По седум месеци судски процес, судот во Писторија го прогласи Оскар Писториус за виновен за убиството на неговата 29 годишна девојка кое се случи лани во неговата куќа за време на Денот на вљубените.
Обвинителството побара казна од 10 години затвор, а неговата одбрана побара куќен притвор и вршење на општествена работа, но параолимпиецот од Јужна Африка ќе лежи 5 години затвор.
Писториус минатиот месец беше ослободен од обвинението дека сторил кривично дело убиство со умисла, откако тој се бранеше дека тоа не е точно бидејќи мислел дека дома му влегува лопов, па конечната пресуда се однесува за убиство од небрежност.
Најпознатиот светски спортист со хендикеп стана прв кој настапил на Олимписки игри со ампутација на нозете. На Олимпијадата во Лондон успеа да се пласира во полуфиналето на 400 метри, а на Параолимписките игри има освоено 6 златни медали.