Азербејџанецот кој се натпреварувал во дигање тегови на Параолимписките игри во 2004 година бил доживотно суспендиран, а по дури девет година докажа дека за тоа треба да одговара неговата девојка која во пијалокот му ставила анаболички стероиди по што бил позитивен на анти допинг тестот.
„Ова е уникатен случај под уникатни околности. Поради новите и релевантни докази, повторно ќе го разгледаме случајот на Исмаилов", изјави Тони Паскуал, претседателот на анти допинг комисијата на Меѓународниот олимписки комитет.
На судското рочиште во Баку, неговата поранешна девојка признала дека во Атина му ставила недозволени средства во пијалокот, а од МОК изјавија дека тоа значи дека тој повторно ќе може да се натпреварува.
По раскинувањето во 2003 година двојката останала во добри односи, но неговата поранешна девојка која исто така била натпреварувач на Параолимпијадата во Атина, намерно сакала да му наштети.
За Исмаилов ова е втора казна, откако во Сиднеј 2000 поради допинг доби суспензија од две години, а Параолимпијадата ја заврши со златен медал и нов светски рекорд.