Беатриче Вио е дефинитивно една од најхрабрите жени во светот на спортот која руши бариери на невозможен начин.
На пет години покажувала страст за мечување, а на 11 се заразила од тежок менингитис. Докторите и дале назамислив избор: Ако ги задржите екстремитетите ризикувате да умрете, ако ги ампутирате сите четири тогаш сигурно останувате жива.
Таа одбрала живот и сега е параолимписки шампион и единствен мачувалец на планетава кој се натпреварува без раце и нозе.
„Мојата сила лежи во тоа што не размислувам за моето тело и го користам она што го оставив во потполност“.
Документарниот филм ја раскажува инспиративната приказна за Италијанката, од дијагнозата, исцрпувачката рехабилитација, па се до освојувањето на златото во Рио 2016.
Иако се натпреварува со вештачки раце, таа ги прифаќа како дел од нејзиното тело.
„Кога ќе го грабнам мечот, чувствувам дека прстите ја фаќаат рачката. Чувствувам дека ги правам движењата со рака, но јас всушност ги правам со лакт. Не мислам на движењата, туку ги чувствувам“. вели 20 годишната Беатриче