55-годишниот Велосо во минатото бил член на комунистичката терористичка група „Грапо" и извршил серија бомбашки напади, а негова сметка оди и убиството на еден шпански бизнисмен.
Во 1985-та година тој е уапсен и осуден на 84 години затвор. За време на издржувањето на својата затворска казна тој започнал да штрајкува со глад, а затворските чувари го одржувале во живот со принудно хранење.
По долгиот штрајк со глад, неговата здравствена состојба сериозно се влошува и заради неколку оштетени органи тој останува парализиран во долниот дел од телото.
Заради неговата здравствена состојба, шпанските власти се принудени да го ослободат и тој го напушта затворот во инвалидска количка по само 11 издржани години.
Откако го напуштил затворот тој веднаш почнал да плива и по само четири години зема учество на Параолимписките игри во Сиднеј каде освои пет златни медали.
На Параолимпијадата во Атина освојува три медали, а по четири години на Параолимпијадата во Пекинг освојува уште четири.
На Параолимписките игри во Лондон тој освои два сребрени медали на трките на 50 и 200 метри слободно.
На почетокот тој велел дека останал парализиран по сообраќајна несреќа, но медиумите ја откриле неговата приказна. И покрај критиките од јавноста тој продолжува да се натпреварува.
Себастијан Родригес Велосо е осуден убиец и терорист, но и извонреден спортист. Тој тренира по шест и пол часа на ден и сака луѓето да го ценат по неговите достигнувања, а не по неговото минато.