Што сè не излезе за време на Олимписките игри. Гледајте ја техникава во скокање и направете разлика каква поплава правите вие кога скокате. Освен ако и вие не сте 50 кила со се кревет.
Пет дена по сензационалниот триумф на 16 годишното девојче, се појавија фотографии од условите во кои се тренирало неодамна во БиХ. Човек да гледа и да не верува.
Лиа Томас, пливачката што победи на американскиот колеџ-шампионат минатата недела е машко. И затоа што е машко - со тело што е повисоко, пошироко и посилно од женските натпреварувачи - победи на тој натпревар. Кога пливаше покрај други мажи, стигаше до невпечатливото 554-то место.
По сензацијата на Дејан Георгиевски во теквондо, настапите на македонските претставници на Летните Олимписки игри продолжуваат со пливање. На сцена стапи најмладата олимпијка во историјата на Македонија.
Аријан Титмус од Австралија е освојувачка на злато во дисциплината 400 метри слободно, откако во финале ја победи Кети Ледеки. Камерманите не знаеја каде попрво да се задржат, дали на нејзиното славје или на тренерот Дин Боксал кој имаше експлозија од емоции.
Американката Кејти Ледецки има 20 златни медали, што е рекорд во историјата на женското пливање, а синоќа на Твитер објави видео за кое вели дека и е едно од најјаките пливачки настапи во кариерата.
Ковидот ги сопре фудбалерите, кошаркарите, ракометарите да не може да играат, но тие барем можеа да тренираат индивидуално, а пливачите останаа само со тренинг на суво кој не им врши работа. Ева се најде махерски и издржа до крај.
Љубителите на маратонско трчање и другите слични спортови се помирија со фактот дека годинава натпреварувањата се одложија или се поместија. Но уште надеж имаат оние чии маратони се закажани за септември и првата половина на октомври.
Со мала импровизација, можно е да се направат пристојни услови за тренинг за време на карантинот кој владее глобално. 20-годишната српска пливачка Ања Цревар се одржува во форма во импровизиран базен дома. Таа веќе обезбеди олимписка виза за Токио 2021.
Се вика Марко, има 12 години и кога ќе чуете што ќе прави следниот вторник ќе ви биде глупо ако сте од тие кои се бањаат само во плитко и играат одбојка во вода.
Нова книга посветена на феноменот на човечкото пливање ја трасира неговата историја од првите цивилизации, дo денешната популарност како спорт и уживање.
Малиот стварно се вика Кларк Кент Апуада, а од сега логично ќе го викаат Супермен. На 10 години му го урна рекордот на Мајкл Пелпс на 100 метри пепепуртка, поставен во 1995-та. Ги исплива за 1:10:38 или за една секунда побрзо од легендарниот американски пливач. Фелпс му честиташе на Твитер.
Миеко Нагаока прави работи кои многу луѓе не ги прават со половина од нејзините години. Родена е во 1914-та само неколку дена по стартот на првата светска војна и кога ќе ја видите што прави и какви амбиции има ќе ви падне глупо ако не спортувате ништо.
Со недели најавуваа страшна, невидена, неверојатна и шокантна трка во која на ајкулата не ѝ е гајле за медалите на Фелпс, но на крајот публиката разочарано констатираше дека гледале монтажа а не трка.
Сега и дефинитивно е јасно дека Рајан Лохти (32) и неговите колеги од пливачката репрезентација на САД ја измислиле приказната дека биле ограбени под закана на оружје во Рио де Жанеиро.
Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.
Прекарот му го дадоа медиумите откако неговото име за прв пат излезе во Тајмс на Олимписките игри во Сиднеј. Ерик исплива двојно побавно од тогашниот светски рекорд на 100 метри слободно, но тоа беше рекорд за неговата земја, каде што учел пливање од рибари.
Видеото е многу добро и ја вади накусо 116 годишната историја на резултатите во пливање на 100 метри слободен стил. Разликата меѓу освојувачот на златен медал на Олимпијадата во Атина 1896 и Лондон 2012 е 35 секунди или 42 метри. Каде ќе бидат границите ако вака напредуваат олимпијците?
Меѓународниот олимписки комитет пред два месеци ги објави имињата на 10-те бегалци кои ќе формираат тим кој ќе биде дел од Олимписките игри во Рио. Една од нив е и Јусра Мардини која зад себе има сторија за снимање филм.
Не е се така црно во Рио како што се пишува. Американскиот пливач Коди Милер ги сподели своите досегашни искуства и ги пофали домаќините за кои вели дека работат напорно од јутра до сутра.