Мардини е растена во Дамакс каде тренирала пливање со поддршка на Олимпискиот комитет на Сирија. Во 2012-та на возраст од 14 години ја претставувала својата земја на Светското првенство во пливање во 200 метри мешано и 200 и 400 метри слободно.
Воениот конфликт во нејзината земја ја опфаќа и нејзината куќа која била срушена по што во август минатата година заедно се сестра и одлучиле да избегаат од својата земја. Прво заминале во Бејрут, па Истанбул и на крај во Измир, Турција од каде се качиле на чамец со уште 18 мигранти кои имале за цел да го минат Медитеранот и да заминат на грчкиот остров Лезбос.
По половина час патување, чамецот кој бил наменет за 7 луѓе почнал да се полни со вода и постоело сериозна опасност дека ќе се преврти. Само тројца од патниците знаеле да пливаат. 17 годинишната Јусра, сестра и и уште еден човек. Сите тројца скокнале во вода и почнале да го туркаат чамецот со останатите патници за да стигнат сите заедно до островот.
„Помислив дека би било вистински срам да се удавам во морето, бидејќи јас сум пливач. Нема да седам таму и да се жалам дека ќе се удавам. Ако требаше да се удавам, би се удавил горда на мене и сестра ми. Би било срамота ако луѓето на нашиот чамец се удават. Имаше луѓе кои не знаеја да пливаат.“, изјави Мардини на прес конференција во Берлин во март годинава.
Сестрите Мардини и сите останати бегалци кои биле на чамецот успеале да стигнат до бреговите на Лезбос и да го преживеат патешествието на Егејското море долго 120 километри.
Мардини по еден месец стигнале до Берлин и сретнале преведувач од Египет кој им помогнал да стапат во контакт со Wasserfreunde Spandau 04, еден од најстарите пливачки клубови во Германија.
Тренерот Свен Спанекребс веднаш почнал да верува дека Јусра е доволно добра за да го претставува клубот. Но во текот на следните месеци таа толку брзо напредувала, што во клубот почнале да зборуваат и за тоа дали може да биде спремна за Олимписките игри во Токио 2020.
Но девојчето од Сирија било толку добро што се развило во кандидат за Рио 2016.
„Многу луѓе би можеле да ја земат за пример. Јусра е многу фокусирана. Има јасни цели и го организира животот околу нив“, вели Спанекребс.
Тој ги истакнал дека нејзините организациски способности се како на Германка.
„Сакам сите бегалци да бидат горди на мене, сакам да ги охрабрам дека дури и ако не сме во нашата татковина и имаме тешкотии, сепак можеме да направиме големи работи. Тешко е да го напуштите вашиот дом, многу тешко. Нашите куќи беа уништени, немавме повеќе ништо и избегавме. Сакам да одам на Олимпијада. Тоа е шанса еднаш во животот“, вели Мардини која зборувала многу смирено пред големиот број на камери и новинари.
Сега својот сон таа ќе го оствари и ќе биде дел од бегалскиот тим во Рио, една година откако пливала за да преживее на Егејското море.